Европа
Блиндиран Велигден во Италија: нема излети и семејни ручеци, ангажирани 70.000 полицајци

Италијанците претстојните велигденски празници ќе ги поминат во блиндирана атмосфера, пишуваат медиумите.
Министерството за внатрешни работи даде инструкции, а 70.000 полицајци ќе надгледуваат дали се почитуваат строгите мерки против коронавирусот.
Контролите се веќе засилени и оние што ќе се најдат на улица, без валидна причина, плаќаат казна од 400 евра, пренесува агенцијата „Анса“.
За време на празниците дозволена е посета на едно семејство, но за разлика од годините пред пандемијата, нема излети во природа или големи семејни ручеци во ресторани.
Министерот за здравство, Роберто Сперанца, во интервју за „Кориере дела сера“ не даде точен датум кога строгите мерки на ограничување поради пандемијата на Ковид-19 ќе бидат олеснети или целосно укинати, но тој рече дека повеќето Италијанци ќе бидат вакцинирани до крајот на летото.
Во четвртокот беше поставен рекорд на бројот на вакцинирани лица за еден ден кога вкупно 280.000 лица примија инјекција, но најголемиот проблем сепак останува недостигот на вакцини.
Во регионите Венето и Лацио веќе закажаните вакцинации се одложени затоа што има недостиг на лекот.
Граѓаните протестираат затоа што поединци успеваат да се вакцинираат преку ред.
На добро познатиот новинар Андре Сканци, кој е чест гостин во телевизиските емисии и кој јавно се пофали дека го сторил тоа, му е забранета соработката на телевизиите РАИ и „Ла 7“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.