Свет
Блинкен: Воените вежби на Кина се ескалација

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави денеска дека воените вежби на Кина насочени кон Тајван, вклучително и проектили испукани кон ексклузивната економска зона на Јапонија, претставуваат ескалација.
Кинеските воени вежби беа започнати откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети Тајван во вторникот.
„Кина избра да претерано реагира и да ја искористи посетата на Пелоси како изговор за засилување на провокативните воени активности во и околу Тајванскиот Проток“, рече Блинкен на конференција во главниот град на Камбоџа, Пном Пен.
Блинкен, исто така, рече дека САД цврсто стојат во солидарност со Јапонија по „опасните акции преземени од Кина“, пренесе АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кинески претставник: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон Европа

Специјалниот претставник на Кина за европски прашања, Лу Шаје, рече дека е згрозен од начинот на кој претседателот Доналд Трамп се однесува кон сојузниците во Европа, додавајќи дека мировниот договор за Украина не треба да го одредуваат само САД и Русија.
„Кога ќе погледнете како администрацијата на Трамп започна дрска и доминантна политика кон Европа, третирајќи ги своите сојузници на ваков начин, искрено, од европска перспектива, тоа е прилично ужасно“, рече Лу.
„Верувам дека европските пријатели треба да размислат за тоа и да ги споредат политиките на администрацијата на Трамп со оние на кинеската влада. Притоа, тие ќе видат дека дипломатскиот пристап на Кина го нагласува мирот, пријателството, добрата волја и соработката меѓу двете страни“, додаде тој.
Лу го рече ова на маргините на панел-дискусијата со други високи дипломати за време на годишната сесија на највисокото советодавно тело на Политичката консултативна конференција на кинескиот народ (CPPCC) во Пекинг.
Тој се осврна и на разговорите меѓу САД и Русија, нагласувајќи дека секој мировен процес мора да вклучува признавање и учество на сите релевантни страни, вклучително и европските нации. „Различни предложени решенија треба да бидат предмет на еднаква дискусија, наместо да бидат диктирани од неколку избрани“, заклучи тој.
Свет
Шефот на НАТО: Трамп покажа посветеност кон Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, рече дека Украина и САД во моментов разговараат за начините за напредок.
Тој додаде дека е внимателен оптимист и овие разговори можат да доведат до добри резултати.
Руте исто така изјави дека Доналд Трамп јасно ја покажал и американската и неговата лична посветеност на НАТО.
„Трансатлантското партнерство останува основата на нашиот сојуз“, додаде Руте на прес-конференцијата што ја одржа со полскиот претседател Анджеј Дуда.
Свет
Трудо: Трговската војна може да продолжи во догледна иднина

Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека канадската страна е заинтересирана за намалување на сите американски царини и додаде дека ќе продолжи да соработува со високи функционери на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со царините што САД планираат да ги воведат на сите увозни производи од Канада.
„Разговорите се во тек. Нашата цел е да ги отстраниме сите царини. Трговската војна може да трае во догледна иднина“, рече Трудо и ги повика граѓаните да продолжат да „купуваат канадскo“ кога е toa можно, пренесува CTV News.
Тој не ги откри деталите од телефонскиот разговор со Трамп во средата, истакнувајќи дека станува збор за „многу суштински повик“, пренесува Танјуг.
Канадскиот премиер рече дека во вчерашниот разговор го предупредил американскиот претседател дека американските царини ќе им наштетат на американските работници и бизниси.