Свет
Блинкен го бранеше американското повлекување од Авганистан од лутите американски конгресмени
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, соочен со обвиненија за предавство го бранеше повлекувањето на САД од Авганистан од лутите членови на Конгресот, каде што се бараше негова оставка.
Во жестоката размена на зборови со пратениците Блинкен ја обвини претходната администрација бранејќи ја одлуката на претседателот Џо Бајден да ги повлече војниците и ги отфрли обвинувањата дека Стејт департментот можел да направи повеќе за да им помогне на Американците и ранливите Авганистанци.
Државниот секретар повтори дека поранешниот републикански претседател Доналд Трамп преговарал за повлекување со талибанците и рече дека владата на претседателот Бајден не преговарала повторно затоа што талибанците се заканиле дека ќе почнат да убиваат Американци.
„Нема докази дека останувањето би ги направило авганистанските безбедносни сили или авганистанската влада поодржливи или поотпорни“, рече тој.
„Го наследивме рокот за повлекување. Но, не го наследивме и планот“, рече Блинкен.
Администрацијата на Трамп се согласи да ги повлече сите американски војници до 1 мај.
Блинкен беше сослушан пред Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом во понеделникот, а во вторник ќе сведочи пред Комисијата за надворешни работи на Сенатот.
„Американците не сакаат да губат, особено не од терористите. Но, токму тоа се случи“, рече републиканскиот пратеник Мајкл Мекол.
Тој праша зошто владата не договорила за надзор и договор против тероризмот со соседните земји за воздухопловната база „Баграм“.
„Закана за националната безбедност ќе биде доколку влезе Кина. Колку што знам, тие може да го преземат ‘Баграм’“, рече Мекол.
Блинкен рече дека САД активно работат на идентификување на заканите.
Членовите на Конгресот имаа долга листа на прашања во врска со брзиот колапс на авганистанската влада поддржана од САД и хаотичното повлекување на 124.000 луѓе, вклучително и Американци од Кабул.
Демократите изразија загриженост за Американците и ранливите Авганистанци, кои сакаа да заминат, но не успеаја, но го поддржаа повлекувањето како потребно, иако болно.
Блинкен ја пофали евакуацијата како херојски напор на дипломатите, војската и разузнавачките служби и рече дека уште 100 Американци останале во Авганистан кон крајот на минатата недела и кои сакале да заминат.
Тој рече дека САД ќе продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош за Авганистан преку невладини организации и агенции на ОН, а не преку талибанците.
Најави дека ќе назначи висок функционер во неговото Министерство, кој ќе биде задолжен само за помош на жените, девојките и малцинствата.
Републиканците го нападнаа Блинкен поради смртта на 13 американски војници во самоубиствениот напад на аеродромот во Кабул пред крајниот рок за повлекување на 31 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Одложен состанокот на министрите на ЕУ во Кипар поради нападот со беспилотно летало
Состанокот на министрите за европски прашања на земјите-членки, кој требаше да се одржи денес и утре на Кипар, е одложен поради нападот со беспилотно летало врз британската база Акротири на тој остров, објави кипарското претседателство.
„Во раните утрински часови имавме еден, изолиран инцидент со беспилотно летало насочено кон британската база во Акротири, Кипар, со ограничена штета. Точното потекло на беспилотното летало моментално се проверува, но е потврдено дека Република Кипар не била цел на нападот“, објави портпаролката на кипарското претседателство.
Со оглед на овој неочекуван развој на настаните, кој за жал влијаеше на денешните летови до Кипар, кипарското претседателство одлучи да го одложи неформалниот состанок на Советот за општи работи.
Советот за општи работи, кој е составен од министрите на ЕУ од земјите-членки, требаше да разговара за предлогот за повеќегодишен буџет за периодот 2028-2034 година, борбата против манипулацијата со информации и мешањето од трети земји и проширувањето на ЕУ.
На состанокот беа поканети и министри од земјите-кандидатки.
Кипар, кој беше британска колонија до 1960 година, е дом на две бази – Акротири и Декелија – кои имаат статус на британски прекуокеански територии. Британците ги задржаа овие две бази според договорот за независност на Кипар од 1960 година.
фото/Depositphotos
Свет
Катар ги прекина односите со Иран по нападот
Катар ги прекина односите со Иран по нападот, соопшти Министерството за надворешни работи на таа земја.
Портпаролот изјавил за Си-Ен-Ен дека Иран гаѓал цивилна инфраструктура во Катар, вклучително и меѓународниот аеродром, како и дека катарските борбени авиони собориле дронови и други проектили.
„Ваков напад не може да помине без одмазда“, рекол тој, додавајќи дека Иран мора да ја плати цената за овој очигледен напад врз нивниот народ.
Фото: Depositphotos
Свет
Кремљ во постојан контакт со Техеран, нападот го нарече отворена агресија
Кремљ соопшти дека Русија е во постојан контакт со иранското раководство по, како што наведе, „отворената агресија“ врз Техеран и изрази длабока разочараност од развојот на настаните.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата го осуди убиството на иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи, нарекувајќи го „цинично“, додека руското Министерство за надворешни работи ги обвини САД и Израел дека Блискиот Исток го турнале „во бездна на неконтролирана ескалација“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва ја анализира ситуацијата по одлуката на Вашингтон да започне напади врз Иран, и покрај, како што сметала Русија, охрабрувачките сигнали од преговорите меѓу САД и Иран со посредство на Оман.
„Можеме да изразиме длабоко разочарање бидејќи, и покрај извештаите за значителен напредок во тие преговори, ситуацијата сепак ескалираше во отворена агресија“, рече Песков.
Тој додаде дека Путин подоцна во текот на денот ќе има меѓународен телефонски разговор поврзан со Иран, без да открие со кого, и посочи дека Русија останува во дијалог и со земјите од Персискиот Залив погодени од конфликтот.
Фото: ЕПА

