Свет
Блинкен за средбата Путин – Бајден: „Никогаш не вели никогаш“
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен не ја исклучува можноста американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот Владимир Путин повторно да се сретнат во иднина.
„Види, никогаш не кажувај никогаш бидејќи на крајот на денот, она што сите го сакаат, почнувајќи од Украинците, е праведен и траен мир. Значи, да видиме дали некогаш ќе дојдеме до точка каде што тоа е можно“, изјави Блинкен во интервју за магазинот „Атлантик“.
Тој додаде дека САД веруваат дека Советот за безбедност на ОН има многу проблеми и дека Вашингтон работи на тоа повеќе земји да се приклучат на оваа светска организација.
„Советот за безбедност има многу проблеми и ние работиме на нив. Ги водиме напорите навистина да го реформираме Советот, да внесеме во него земји, кои подобро ја отсликуваат денешната реалност“, рече американскиот државен секретар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Навроцки: Односите меѓу Полска и Украина повеќе не се партнерски
Полскиот претседател Карол Навроцки изјави дека сегашните односи меѓу Полска и Украина не можат да се сметаат за вистинско партнерство, оценувајќи дека Киев ги игнорира прашањата што се од клучно значење за полската страна.
Во интервју за „Виртуелна Полска“, Навроцки изјави дека „елементот на партнерство е изгубен“, посочувајќи првенствено на нерешените историски прашања, како што е ексхумацијата на полските жртви во Волиње. Според него, ако темите од суштинско значење за Полјаците дури и не се предмет на сериозно разгледување во Киев, оправдано е да се постави прашањето на што всушност се темели партнерството на двете земји.
Полскиот претседател изрази надеж дека таков пристап на украинската страна ќе се промени во иднина, но во исто време предупреди дека Полска не може да ја прифати улогата на пасивен актер во односите од стратешко значење.
„Како претседател на Република Полска, не можам, не сакам и нема да се согласам мојата земја да се третира исклучиво како коридор во клучните политички и безбедносни прашања“, рече Навроцки.
Тој, исто така, оцени дека украинското раководство не ја смета поддршката од Варшава за критично важна, наведувајќи дека во Киев е создадено верување дека полската помош е имплицитна и трајно гарантирана.
Навроцки заклучи дека односите меѓу двете земји имаат потреба од нов преглед, со поголемо меѓусебно почитување и почитување на националните интереси на Полска.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Херојот на плажата Бонди се опоравува од прострелните рани во болница
Ахмед Ал Ахмед е фотографиран во болница како се опоравува од прострелните рани што ги добил за време на нападот. 43-годишниот татко на две девојчиња се сретнал со премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, во понеделник, кој го нарекол „херој од вистинскиот живот“. Минс рекол дека неговата извонредна храброст, со голем личен ризик, спасила непознат број животи.
Според неговите родители, Ахмед бил застрелан повеќе пати во рамото и сè уште е во болница, објави ABC.
❗️Shocking footage. A passerby disarmed the shooter “with bare hands” at Bondi Beach in Sydney. pic.twitter.com/UHtHFGjX7Q
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) December 14, 2025
Ахмед Ал Ахмед совлада еден од напаѓачите за време на нападот и му го зеде оружјето. На видеото кое се прошири на интернет го прикажува 43-годишниот сопственик на продавница за овошје Ахмед како трча кон напаѓачот и му го грабнува оружјето. Откако му го зел оружјето, тој го насочил кон него, принудувајќи го да се повлече.
Американски милијардер донира речиси 100.000 долари за херојот од Бонди Бич
Американски милијардер донираше речиси 100.000 долари – максималниот износ дозволен за онлајн донација – на човекот наречен „херојот на плажата Бонди“. Донацијата изнесува 99.999 долари, што е околу 85.000 евра.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала
Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела, по големиот напад на 10 декември, објави „Киев Индепендент“.
Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.
Taking the war to russian’s front door in Moscow tonight:
🔥Drones are attacking Moscow: explosions are heard and smoke is rising. Muscovites are panicking. Cope is real. pic.twitter.com/45Ca3Wym77
— Beefeater (@Beefeater_Fella) December 14, 2025
Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетални податоци, тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати низ Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот регион.
Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, околу 40 километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот Телеграм канал Шот. Експлозии се слушнале и во Кашира и Коломна, јужно од главниот град.
Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми Жуковски и Домодедово. Претходните напади, исто така, ги прекинаа воздушните операции, приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.

