Свет
Блинкен: САД не се вмешани
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, рече дека САД „не знаеле ниту биле вмешани“ во експлозиите на пејџерите.
„Генерално кажано, бевме многу јасни и остануваме многу јасни за важноста да се избегнат какви било чекори, кои би можеле да го ескалираат конфликтот што се обидуваме да го решиме во Газа“, рече Блинкен во Каиро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Тик-ток“: Утре се гаснеме во Америка
„Тик-ток“ синоќа предупреди дека ќе биде принуден да престане со работа во САД утре, освен ако не добие јасна изјава од Белата куќа за својата иднина.
Ова се случува откако Врховниот суд го потврди законот со кој се забранува Тик-ток во Соединетите држави поради национална безбедност, освен ако кинеската матична компанија „Најт денс“ не го продаде на одобрен американски купувач, што компанијата го одбива.
Со оваа одлука, популарната апликација за кратки видеа е во опасност утре да исчезне.
Судската одлука ги фрла платформата и нејзините 170 милиони американски корисници во неизвесност, а нејзината судбина во рацете на Доналд Трамп, кој вети дека ќе го спаси ТикТок откако ќе се врати на претседателската функција во понеделник.
Свет
Израел ќе ослободи 737 палестинци во замена за заложниците
Израел ќе ослободи 737 палестински затвореници во замена за првите израелски заложници, што е првата фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа одобрен од израелската влада, објави Министерството за правда.
Како дел од првата фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас во Газа, Владата одобрува ослободување на 737 затвореници и притвореници, се вели во соопштението на Министерството.
Меѓу затворениците што се очекува да бидат ослободени е и Закарија Зубеиди, одговорен за неколку напади врз израелски цивили и поранешниот водач на бригадите Ал Акса, вооруженото крило на партијата Фатах, кој избега од израелски затвор во 2021 година.
Свет
Мелони ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп, Орбан не доаѓа
Италијанската премиерка Џорџа Мелони во понеделник ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, соопштија синоќа претставници од нејзиниот кабинет, а нејзините поддржувачи се надеваат дека таа ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа во следните четири години.
Мелони го посети Трамп на неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида на почетокот на овој месец, заработувајќи пофалби од новиот претседател, кој ја нарече „фантастична жена“.
Трамп го прекрши преседанот и покани странски лидери на церемонијата на инаугурација.
Покрај Мелони, аргентинскиот претседател Хавиер Миел, уште еден силен поддржувач на Трамп, рече дека ќе присуствува. Сепак, друг поддржувач на Трамп, унгарскиот премиер Виктор Орбан, нема да го стори тоа, рече неговиот портпарол оваа недела.
Кинескиот претседател Си Џинпинг, исто така, нема да присуствува, и покрај поканата, но испраќа пратеник. Поддржувачите на Мелони се надеваат дека конзервативната италијанска лидерка ќе има привилегиран пристап до Трамп во следните четири години и ќе стане мост меѓу Вашингтон и Европа.