Свет
Богатите земји откупиле повеќе од половина од потенцијалната вакцина против коронавирус

Богатите нации, вклучувајќи ги САД, Велика Британија и Јапонија, веќе откупија повеќе од половина од дозите на потенцијалната вакцина против коронавирус, соопшти меѓународната непрофитна организација за борба против сиромаштијата „Оксфам“, пренесува Си-ен-ен.
Овие земји претставуваат 13 % од светската популација, но откупиле 51 % од идните резерви од вакцините, пишува во извештајот.
„Оскфам“ користела податоци собрани од аналитичката компанија „Ерфинити“ за да ги анализира објавените зделки меѓу владите и компаниите што работат на развој на вакцината. Во извештајот се опфатени пет компании – „Астра зенека“, „Гамалеја“, „Модерна“, „Фајзер“ и „Чајна синовац“ – кои имаат комбиниран производствен капацитет за да направат 5,9 милијарди дози, што е доволно да се вакцинираат речиси 3 милијарди луѓе, а тоа е помалку од половина од светската популација, ако на сите им требаат две дози.
Во извештајот на „Оксфам“ се вели дека веќе се договорени договори за снабдување за 5,3 милијарди дози, од кои 2,7 милијарди (51 %) се купени од развиени земји и територии вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Австралија, Хонг Конг, Макао, Јапонија, Швајцарија и Израел, како и Европската Унија. Преостанатите 2,6 милијарди дози ги откупиле или им се ветени на земјите во развој, вклучувајќи ги Индија, Бангладеш, Кина, Бразил, Индонезија и Мексико.
„Пристапот до вакцина за спасување на живот не треба да зависи од тоа каде живеете и колку пари имате“, рече Роберт Силверман од „Оксфам“.
Адар Пунавала, главен извршен директор на Институтот за серум во Индија (СИИ), предвиде дека можеби нема да има доволно вакцини до 2024 година. „Ќе бидат потребни четири до пет години додека сите на оваа планета не ја земат вакцината“, изјави Понавала за „Фајненшл тајмс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Еквадор е воведена вонредна состојба, немирите ескалираа на улиците

Еквадорскиот претседател, Даниел Нобоа, прогласи вонредна состојба во десет од 24 провинции во земјата поради внатрешни немири предизвикани од протестите на заедницата на староседелци поради зголемувањето на цените на дизелот, јавуваат денеска медиумите.
Како што се наведува во декретот на Нобоа, овие протести станале насилни, па вонредната состојба била воведена со цел да се избегне нивната понатамошна радикализација, пренесува агенцијата Ефе.
Тој додаде дека за време на насилните демонстрации, припадниците на полицијата и војската биле нападнати, а некои од нив биле киднапирани и физички малтретирани.
Нобоа забрани јавно собирање во десет провинции, додавајќи дека мирни протести ќе бидат дозволени доколку не ги загрозуваат правата и слободите на другите граѓани.
Меѓу причините за воведување на овие мерки, кои ќе важат 60 дена, тој ги наведува и неодамнешните изјави на претседателот на Националната конфедерација на староседелечки народи (CONAIE), Марлон Варгас, кој предупреди дека протестите може да ескалираат и да доведат до заземање на главниот град Кито, ако нивните барања не бидат уважени.
Свет
Хрватот кој беше уапсен поради летање дрон близу аеродромот во Франкфурт се соочува со казна до 50.000 евра

Германската полиција презеде мерки против 41-годишен хрватски државјанин поради управување со дрон во зона забранета за летови во близина на аеродромот во Франкфурт.
Портпаролот на полицијата во Франкфурт изјави за ДПА дека нема докази дека уапсениот маж е поврзан со Русија.
Човекот им рекол на полицајците дека „само сакал да го испроба својот нов дрон“.
Хрватскиот државјанин се гони за прекршок и се соочува со парична казна. Во Германија, летовите со беспилотни летала над чувствителни области како што се аеродроми, затвори или воени бази се строго забранети. Казните за нелегални летови се до 50.000 евра.
Уште посериозно, ако се утврди дека летот претставувал опасна интервенција во воздушниот сообраќај, сторителот се соочува со затворска казна од шест месеци до десет години.
Свет
Трамп: Хамас ќе се соочи со тотално уништување ако не се согласи со планот за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека палестинската милитантна група Хамас ќе се соочи со „тотално уништување“ ако одбие да ја предаде власта и контролата врз Газа.
„Тотално уништување!“ , рече Трамп за Си-Ен-Ен, кога го прашаа што ќе се случи со планот за прекин на огнот од 20 точки на Белата куќа ако Хамас инсистира да остане на власт.
На прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поддржува прекинувањето на бомбардирањето на Газа и пошироката визија за САД, Трамп за Си-Ен-Ен изјави: „Да, Биби е за“.
Американскиот лидер додаде дека наскоро ќе се знае дали Хамас е навистина посветен на мирот.
– Ќе дознаеме. Само времето ќе покаже – одговори Трамп.
Овде прочитајте што содржи планот на Трамп за прекин на војната во Газа составен од 20 точки.