Свет
„Боинг“ призна одговорност за авионската несреќа во која загинаа 157 луѓе
Компанијата „Боинг“ во средата пред судот се изјасни за виновна за авионската несреќа во 2019 година во Етиопија, во која загинаа 157 луѓе.
Според спогодбата меѓу „Боинг“ и семејствата на загинатите, адвокатите на жртвите нема да бараат кривична отштета, а „Боинг“ нема да ги оспорува тужбите поднесени во Илиноис, пишува Си-ен-ен.
„’Боинг’ сака да се погрижи сите семејства што ги загубиле своите најблиски во несреќата да бидат целосно обесштетени за нивната загуба. Со прифаќањето на одговорноста ‘Боинг’ им дозволува на двете страни да се фокусираат на одредување соодветна компензација за секое семејство“, соопшти компанијата.
Адвокатите на жртвите во соопштението рекле дека „Боинг“ признал според договорот дека авионот „737 мax“ во сопственост на „Етиопија ерлајнс“ не бил безбеден и дека нема да се обиде да обвини некој друг за несреќата.
„Ова е значајна пресвртница за семејствата во нивната потрага по правдата бидејќи ќе обезбеди соодветно третирање и исполнување на условите за наплата на целосен надомест според законот на Илиноис“, велат адвокатите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Волстрит журнал“: Трамп во својот говор ќе повика на револуција на здравиот разум
„Волстрит журнал“ утринава објави дека Доналд Трамп ќе повика на револуција на здравиот разум во неговото инаугуративно обраќање попладнево.
Американскиот весник наведе дека имал пристап до копија од очекуваниот говор на Трамп и извести дека во неговото обраќање тој ќе ја поздрави возбудливата нова ера на национален успех.
Според весникот, говорот ќе биде пооптимистички од оној во 2017 година, а се очекува Трамп да ја нагласи виталноста на најголемата цивилизација во историјата.
Свет
„Масовно уништување“: Газа на првиот ден од прекинот на огнот
Снимка со беспилотно летало од северна Газа, направена за Си-ен-ен на првиот ден од прекинот на огнот, го покажува огромниот размер на уништувањето предизвикано од петнаесетмесечната војна, пренесува медиумот.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така ги поздрави прекинот на огнот во Газа и почетокот на ослободувањето на преостанатите заложници што ги држеше Хамас.
„Олеснување е, конечно, да се видат ослободени првите заложници и пристигнувањето на хуманитарната помош, примирјето да стапи во сила во Газа“, рече Кошта во објавата на платформата Х.
Тој рече дека „договорот ја носи потребната трошка надеж во регионот“.
„Сите страни мора да се придржуваат до него. Мирот е единствениот пат напред“, додаде Кошта.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, исто така го поздрави почетокот на спроведувањето на договорот за прекин на огнот и ослободувањето на заложниците во Газа во објава на мрежата Х.
„Ние сме подготвени да ја поддржиме оваа имплементација и да ја зголемиме испораката на постојана хуманитарна помош до Палестинците, кои продолжуваат да страдаат. Императив е овој прекин на огнот да ги отстрани значајните безбедносни и политички пречки за испораката на помошта“, рече Гутереш.
Свет
Светски економски форум во Давос: Трамп и вештачката интелигенција во фокусот
Светската политичка и економска елита денеска се собира во швајцарскиот зимски центар Давос на годишниот Светски економски форум (СЕФ).
На годинешниот собир ќе присуствуваат речиси 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери.
Лидерските говори ќе почнат утре по денешното официјалното отворање на конференцијата.
Официјалната програма вклучува разговори и панели за сајбер-криминал, вештачка интелигенција и технолошки промени со мотото „Соработка за интелигентна доба“.
Но, набљудувачите веруваат дека годинешниот состанок повеќе од сè ќе биде преокупиран со враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и прашањата за неговите потези во неговиот втор претседателски мандат.
Трамп претходно најави дека ќе воведе царини за увоз од Кина и други големи трговски партнери, од кои повеќето ќе бидат претставени на СЕФ.
Трамп беше првиот американски претседател кој лично присуствуваше на форумот за време на својот мандат. В четврток 78-годишниот Трамп повторно ќе зборува во Давос, но преку видеоврска.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да зборува утре, истиот ден со германскиот канцелар Олаф Шолц.