Свет
Болниците во Газа за два дена остануваат без гориво: Илјадници луѓе може да умрат

Здравствените работници во Газа предупредуваат дека илјадници луѓе би можеле да умрат бидејќи болниците се полни со ранети и им снемува гориво и основни залихи. Според проценките на ОН, се очекува во рок од два дена болниците да останат без гориво за генераторите за струја.
Во болницата Насер, во јужниот град Кан Јунис, собите за интензивна нега се полни со ранети пациенти, од кои повеќето се деца помлади од три години. Стотици луѓе со сериозни повреди од експлозивни направи пристигнаа во болницата, каде што се очекува гориво да снема до понеделник, според д-р Мухаме Кандил.
Ако снема гориво, „тоа значи дека целиот здравствен систем ќе биде исклучен“, рече тој. „Се работи за уште една катастрофа, уште едно воено злосторство, историска трагедија“, додаде тој. „Сите овие пациенти се во опасност доколку снема струја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се стравува од повредени

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 17:54 часот во Индонезија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина -10,1246 и географска должина 119,0393.
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од приближно 37 километри под површината на земјата во близина на островот Сумба.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Во Мјанмар минатата недела беше регистриран разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени.
Свет
Премиерот на Гренланд: Со нетрпение ја очекувам посетата на данската премиерка

Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен денеска изјави дека со нетрпение ја очекува посетата на данската премиерка Мете Фредериксен во среда.
Нилсен рече дека Гренланд долго време ја посакувал оваа посета, објави Ројтерс.
Тој во неделата рече дека САД нема да го добијат Гренланд, одговарајќи на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.
Свет
Од кабинетот на Зеленски негираат дека тој се подготвува да се кандидира за втор мандат

Од кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираат извештајот на британскиот Економист дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.
Оттаму исто така, негираа дека Зеленски одржал состанок за изборите во јули, на кој наводно, според Економист, му наредил на својот тим да ги организира изборите, пренесе УНИАН.
Извор од украинската влада изјави дека главното прашање сега е постигнување мир и дека е целосно лажно дека подготовките за изборите веќе се во тек.