Свет
Болсонаро ќе мора да ѝ плати отштета на новинарката што ја обвини дека нудела секс во замена за информации
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро мора ѝ да плати надомест на новинарка за понижувачки изјави против неа, се дозна во неделата од судското досие, до кое пристап имала агенцијата „Франс прес“ (АФП).
Според одлуката на судот во Сао Пауло, Болсонаро ќе треба да ѝ плати 20.000 реали (3.500 американски долари) на Патриција Кампос Мело, новинарка на угледниот дневен весник „Фолха де Сао Пауло“.
Судија на 16 март пресуди дека лидерот на десницата ѝ ја нарушил честа и ѝ нанел морална штета на новинарката што го тужела претседателот.
Болсонаро може да ја обжали пресудата.
Во февруари минатата година Болсонаро инсинуира дека Кампос Мело му нудела секс на еден извор во замена за негативни информации за него.
Новинарката има напишано неколку истражувачки написи за организација што во 2018 година, за време на претседателската кампања, ги клеветела ривалите на Болсонаро преку апликацијата „Вацап“.
Во јануари таа победи во правна битка против синот на Болсонаро, Едуардо, кој мораше да плати 30.000 реали (5.600 американски долари) како надомест за нанесена морална штета откако тој рече дека Мело се обидела да заведе извор за да извлече штетни информации против татко му.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

