Свет
Бомбашите самоубијци во индонезиската црква се екстремисти поддржувачи на ИД
Еден од двајцата бомбаши самоубијци, кои нападнаа катедрала во Индонезија на Цветници, ѝ припаѓа на екстремистичка група што ја поддржува Исламската држава и е обвинета и за други бомбашки напади во Индонезија и на Филипините, соопшти полицијата.
„Тој е дел од ЈАД“, изјави шефот на националната полиција, Листијо Сигит Прабово, посочувајќи на екстремистичката мрежа Џама Аншарут Даулах.
„Оваа група е дел или е поврзана со онаа што спроведе операција во Џоло на Филипините“, додаде тој осврнувајќи се на нападот во 2019 година.
Силната експлозија во црквата во градот Макасар на островот Сулавеси се случи околу 10.30 часот по локално време и повреди најмалку 20 свештеници и верници, соопшти полицијата. Не е јасно дали нивните повреди се опасни за животот.
„Имаше две лица што се возеа на мотоцикл кога се случи експлозијата на главната порта на црквата – сторителите се обидуваа да влезат во комплексот“, рече портпаролот на Националната полиција, Арго Јувоно.
Сведок на местото на настанот ја опиша експлозијата како многу силна. Полицијата соопшти дека чувар на црквата се обидел да спречи мотоциклот да влезе во комплексот кога се случила експлозијата.
Експлозијата во главната католичка катедрала во Макасар – пристаништен град со околу 1,5 милион жители – се случи веднаш кога верниците завршија со прославата на Цветници, првиот ден од Страсната седмица во знак на сеќавање на влегувањето на Исус во Ерусалим и се случува една недела пред католичкиот Велигден.
Црквите и во минатото биле цел на екстремистите во Индонезија, најголемата нација во светот со мнозинство муслимани. Во 2018 година десетина луѓе беа убиени кога семејство бомбаши самоубијци се разнесоа во цркви за време на неделната богослужба во вториот по големина град во Индонезија, Сурабаја.
Семејството – вклучително и две ќерки на возраст од 9 и 12 години – и уште едно петчлено семејство, кое изврши самоубиствен бомбашки напад врз полицискиот штаб, припаѓаа на истата група за проучување на Куранот и беа поврзани со ЈАД.
Групата стекна озлогласеност во 2016 година по напад со пиштол и самоубиствен бомбашки напад во главниот град Џакарта, во кој беа убиени четворица цивили и четворица напаѓачи – вклучувајќи го и оној што се разнесе во „Старбакс“. Тоа беше првиот напад за кој ИД презеде одговорност во Југоисточна Азија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.

