Свет
(Видео) Трамп упадна на свадба и наместо за младенците зборуваше за Бајден
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се појави непоканет на свадба во неговото одморалиште Мар-а-Лаго на Флорида, и додека наздравуваше со младенците, ја искористи можноста да ги коментира актуелниот претседател Џо Бајден, Кина и Иран.
Saturday Night LIVE!
President Trump crashes wedding and TRASHES Joe Biden’s lousy performance
The border is a mess…#BidenBorderCrisis pic.twitter.com/W6uu9M7Xqm
— poetWOAgun (@poetWOAgun) March 29, 2021
Тој очигледно го искористи моментот за политички говор, зборувајќи за себе, за тоа дека изборите биле наместени.
На венчавката одржана за време на викендот, тој исто така се осврна на ситуацијата на границата со Мексико и постави уште неколку прашања во врска со претседателските избори во ноември, кои ги загуби, пренесува „Гардијан“.
Trump wanders into Mar-a-Lago wedding reception, proceeds to run through a laundry list of his own personal grievances instead of toasting the happy couple: “Do you miss me yet?” https://t.co/NGBFhDGjzJ
— The Daily Beast (@thedailybeast) March 28, 2021
„ Ги добивам сите овие шокантни извештаи и тие ми раскажуваат за границата, ми кажуваат за Кина, ми кажуваат за Иран“, рече Трамп на видеото објавено од забавната веб-страница ТМЗ.
– Дали веќе ви недостигам? – ги праша присутните Трамп, по што се слушнаа овации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.