Свет
Бомбашки напад врз Министерството за внатрешни работи на Авганистан

Вооружена група со автоматски пушки и гранати изврши упад и го нападна Министерството за внатрешни работи на Авганистан. Борбата меѓу безбедносните сили и напаѓачите во главниот град Кабул траеше повеќе од два часа.
Според официјални извори, напаѓачите најпрвин детонирале автомобил бомба, а потоа неколку наоружани лица успеале да влезат во зградата.
Портпаролот на Министерството, Наџиб Даниш, го потврди нападот и додаде дека бил извршен од група од 10 лица. Во нападот загина еден член на полициската единица, а пет беа повредени.
Службеник од Министерството изјави дека еден од напаѓачите се разнесол во зградата на Министерството.
Вработени од Министерството изјавија дека напаѓачите не успеале да пробијат во клучните делови на зградата бидејќи тие се лоцирани подалеку од главниот влез, па со тоа безбедносните сили се здобиле со предност во спречување на нападот.
До сега ниедна група не изјави дека стои зад низата напади во Кабул годинава во кои загинаа стотици цивили, и покрај тоа што постојано се нагласува дека безбедноста во главниот град треба да се подобри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Вонредна состојба на Крит: евакуирани повеќе од 1.000 жители и туристи

Властите прогласија вонредна состојба во делови од општината Иерапетра по катастрофалниот пожар во источниот дел од грчкиот остров Крит, кој во голема мера е ставен под контрола, објавија локалните медиуми.
🇬🇷 A massive fire is raging on the island of Crete in Greece: evacuation has been announced
Due to strong winds, which reached 9 points on the Beaufort scale, the fire is spreading very quickly#russiaisaterroriststate ❗https://t.co/uEdqULR0mt pic.twitter.com/mtTIyfmqmi
— Гакрукс (@Gakruks1) July 4, 2025
Пожарот, кој избувна во близина на Иерапетра во средата, во суви и ветровити услови зафати илјадници хектари обработливо земјиште и шуми на јужниот брег на најголемиот остров во Грција.
Пожарот сериозно ја оштети инфраструктурата, вклучително и водоводните мрежи, и предизвика евакуација на повеќе од 1.000 жители и туристи, според дневниот весник „То Вима“.
Дневникот објави дека истражен тим пристигнал на Крит за да ја утврди причината за пожарот бидејќи брзото ширење на пожарот и повеќекратните фронтови иницирале сомневања за намерно палење.
(Фото: ЕПА)
Свет
Германија воведува шестмесечен воен рок

Германската влада планира да воведе нова форма на воена служба, која првично би се базирала на доброволна основа, објавија денес германските медиуми.
Како што објавија неколку германски медиуми, повикувајќи се на извори во Бундестагот, министерот за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократска партија на Германија – СПД) презентира предлог-закон за воена служба, која би се базирала на доброволност.
Законот предвидува скратена доброволна воена служба од шест месеци, која може да се продолжи според личните желби на регрутот. Шестмесечната ротација, како што е наведено, овозможува обука на поголем број војници од сегашната дванаесетмесечна воена служба.
За време на оваа скратена воена обука регрутите би биле подготвени за поедноставни задачи, како што се инспекции или чување објекти. Секое продолжување на рокот би донело со себе дополнителна професионална обука.
Според медиумски извори, нацрт-законот предвидува повторно воведување на задолжителната воена служба во случај потребите на Бундесверот да не може да се задоволат на доброволна основа. Прашалниците што се користат за регрутирање нови доброволни регрути би биле дистрибуирани до сите членови на една генерација, кои на тој начин би се изјасниле дали се подготвени за воена служба или не.
За мажите, пополнувањето на прашалникот би било задолжително, за жените – не. Писториус планира да го зголеми сегашниот состав на Бундесверот поради заканата што доаѓа од Русија на вкупно 460.000 члена.
Експертите веруваат дека Бундесверот нема да може да го достигне потребниот број војници само на доброволна основа. Затоа има барања во нацрт-законот да се вметне клаузула што би овозможила автоматско преминување на задолжителната воена служба во случај доброволната служба да не го покрие потребниот број војници.
Отпорот кон воведувањето на задолжителната воена обврска доаѓа првенствено од редовите на СПД, која ја формира федералната влада заедно со Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ.
Задолжителната воена служба беше укината во 2011 година поради неуставност бидејќи не беше можно да се овозможи сите членови на една генерација да служат во војската.
Регион
Борисов: Бугарија ќе се вклучи во процесот на обнова на Украина

Бугарија ќе се приклучи на процесот на обнова на Украина. Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на средба со амбасадорот на Украина во Бугарија, Олесја Илашчук.
Лидерот на ГЕРБ ја прогласи способноста на Бугарија да придонесе во сектори, како што се енергетиката, трговијата и инфраструктурата.
„Разговаравме и за развојот на воените операции на територијата на Украина. Украина има категорична поддршка од Бугарија за нејзината европска перспектива“, изјави Бојко Борисов.