Контакт

Свет

Бомбаш-самоубиец се обиде да се разнесе пред Амбасадата на САД во Каиро

Објавено пред

Светските медиуми објавија дека бомбаш-самоубиец се обидел да се разнесе пред Амбасадата на САД во Каиро, но исто така и дека полицијата го запрела и го уапсила.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи се појавија  фотографии и снимки на блокираната амбасада од која излегува чадот. Некои медиуми известуваат дека е пронајдена друга бомба во близина, но не е активирана.

Амбасадата е затворена, а луѓето се предупредени да останат подалеку од оваа област.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Путин: Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел

Објавено пред

Москва мора да започне со производство на ракети со среден и краток дострел за да може да одговори на акциите на Вашингтон, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на оперативниот состанок со членовите на Советот за безбедност на Русија.

dobivaj vesti na viber

„Во 2019 година објавивме дека нема да ги произведуваме овие ракети и дека нема да ги распоредиме додека САД не ги распоредат овие системи во некој регион во светот“, потсети Путин, пренесува РИА Новости.

Денес, како што оцени, се знае дека САД не само што ги произведуваат овие системи, туку и ги пренесуваат во Европа – на воени вежби во Данска.

Прикажи повеќе...

Свет

„Тешко е да се расправаш со лажго“: се огласи тимот на Бајден

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден не се откажува од трката за реизбор, изјави денеска неговиот претставник од кампањата по дебатата против републиканскиот кандидат Доналд Трамп, од која некои демократи не беа задоволни.

dobivaj vesti na viber

„Се разбира дека нема да се откаже“, рече портпаролот на кампањата на Бајден, Сет Шустер, пренесува „Хил“.

По дебатата и Бајден потврди дека нема да се откаже од трката за нов четиригодишен мандат.

„Тешко е да се расправате со лажго. „Њујорк тајмс“ истакна дека тој лажел 26 пати“, рече тој, мислејќи на поранешниот претседател Трамп.

По настапот во дебатата во четвртокот вечерта со Трамп, Бајден беше широко критикуван од демократите, а некои признаа дека тоа ќе ги поттикне дискусиите за тоа дали претседателот треба да биде сменет пред националната конвенција во август, каде демократите формално ќе го номинираат својот кандидат.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес го погоди Крит

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот бил на длабочина од пет километри, а епицентарот на 73 километри од Ираклион.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

МНР за почитувањето на Договорот од Преспа: Неговата имплементација е обврска и за двете страни

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во целост ги почитува преземените обврски од меѓународните договори чиј потписник е Република...

Топ15 часа

Ги силувал неговите ќерки: уапсен 36-годишен маж од Прилепско

Вчера во 17.15 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода А.Р. (36) од прилепско село. Полицијата постапила...

Македонија16 часа

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата

Новиот владин состав денеска ја одржа првата седница. На дневен ред се најдоа пензиите, нови именувања, а донесена беше и...

Македонија17 часа

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето e во тек

Новите камери не се во функција, поставувањето и тестирањето во тек. Ова го посочи портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. „Ве...

Македонија18 часа

Грчкото МНР: Прашањето со непочитувањето на договорот од Преспа е покренато на меѓународно ниво

Раководството на Северна Македонија продолжува да го прекршува Договорот од Преспа, велат од грчкото МНР преку соопштение. Од тука нагласуваат...

Македонија18 часа

Бујар Османи му ја предаде функцијата на Муцунски – евроинтеграциите, партнерството со САД и инвестициите ќе бидат во фокус

Во Министерството за надворешни работи беше извршено примопредавање на функцијата – Министер за надворешни работи меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски...

Топ19 часа

Болјер усмрти тинејџер, загина 14-годишно дете во Маврови Анови

Трагичен настан со смртни последици се случил вчера во Маврови анови, информираат од полицијата. „На 27.06.2024 во 18.00 часот во...

Македонија20 часа

Невремето поплави градинка во Крива Паланка

Градинка во Крива Паланка беше поплавена при временските непогоди во последните две деноноќија. Како што соопшти Центарот за управување со...

Свет22 часа

Како помина дебатата меѓу Бајден и Трамп – најстарите кандидати во историјата на САД

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп разменија неколку лични навреди во долгоочекуваната дебатa. Двајцата кандидати разменија...

Македонија22 часа

За зголемувањето на пензиите и именувањата на директори ќе се дискутира на првата седница на новата Влада

Денеска во просториите на Владата ќе се оддржи првата владина седница на новиот состав, на која ќе стане збор за предлогот...

Македонија22 часа

Дрво падна врз три возила во Карпош, погон на скопска фирма под вода

Оштетени возила, паднати дрвја, поплавeни површини во Скопје, проблеми со струја. Ваков е епилогот од состојбата во текот на ноќта,...

Свет23 часа

Трамп: Бајден е виновен за нападот на Украина;  Бајден: Би го пуштил Путин да стигне во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот републикански ривал Доналд Трамп го споменаа рускиот претседател Владимир Путин десетина пати во првата...

Македонија2 дена

Филков во посета на КПУ Идризово: Состојбата во затворите е алармантна

Министерот за правда Игор Филков го посети затворот во Идризово по вчерашниот инцидент кој се случи во затвореното одделение Амбуланта...

Македонија2 дена

Јотова со порака: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

Бугарија не го оспорува суверенитетот и јазикот на современите држави, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова. Јотова како што пренесуваат бугарските...

Топ2 дена

МВР со детали за тепачката во „Идризово“: Тројца осуденици повредени, двајца од остар предмет

Вчера во 13.10 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека околу 10.30 часот во затвореното амбулантно...

Македонија2 дена

Рустеми: Тврдењата на Николоски се неточни и се со впечатлива политичка позадина, стоиме на располагање за сите видови проверки

Директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми ги оценува како „неточни и неосновани“ вчерашните тврдења на министерот за транспорт и врски, Александар...

Македонија2 дена

Вода протече во хируршките сали во ГОБ 8 Септември, проблемот е надминат

Вода протекла во две хируршки сали на третиот кат во ГОБ 8 Септември, во екот на вчерашното невреме. Во меѓувреме...

Македонија2 дена

Од 1 јули поскапа струја за 0,4 отсто за 88 проценти од домаќинствата

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информираше дека цената на струјата кај домаќинствата, од 1 јули ќе...

Македонија2 дена

Фетаи: ДУИ донесе само лоши работи, се барало мито за добивање дозволи за фирми, при инспекции и тендерски постапки

Вознемирувачка е последната анкета на Стопанската комора која со конкретни бројки ги докажува ендемските димензии на корупцијата во владата која...

Македонија2 дена

Здравковски: СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги што не ги изградиле

СДС и ДУИ потрошиле стотици милиони евра народни пари за патишта и пруги кои не само што не ги изградиле,...