Европа
Борел: Важно е да се обезбеди примирје во Нагорно-Карабах
Министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеп Борел, го поздрави прекинот на воените дејства во и околу Нагорно-Карабах.
„Прекинот на огнот со посредство на Русија, кој беше договорен меѓу Ерменија и Азербејџан во понеделникот, ќе помогне да се спречи натамошно губење животи и се надевам дека тоа е првиот чекор кон сеопфатно решение“, рече Б0орел.
Во писменото соопштение Џозеп Борел додава дека сега е потребно да се отворат преговори со цел да се обезбеди одржливост на договорот за примирје.
Тој наведува дека ЕУ го поддржува форматот на минскaта група на ОБСЕ, чија цел е да се спроведе договорот за мирен и просперитетен развој на целиот регион на јужен Кавказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Напнато во Полска: подигнати борбените авиони поради руските напади врз западна Украина
Полски и сојузнички авиони полетаа рано утрово за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија изврши воздушни напади во западна Украина, во близина на полската граница, соопштија вооружените сили на членката на НАТО.
„Парови борбени авиони за брза реакција и авион за рано предупредување беа подигнати во воздух, додека системите за воздушна одбрана и радарска контрола беа ставени на највисоко ниво на готовност“, соопшти Оперативната команда во објава на социјалната мрежа Икс, објави Ројтерс.
Во 05:00 часот по централноевропско време, речиси целата територија на Украина беше под воздушна тревога откако украинските воздухопловни сили предупредија за нови руски ракетни и беспилотни летала напади.
фото: принтскрин
Европа
Руски дронови погодија станбена зграда во Харков: има повредени, избувна пожар
Руски беспилотни летала погодија станбена зграда во Харков, вториот по големина град во Украина. Во нападот избувна пожар, неколку лица беа повредени, а властите евакуираа дел од населението, објави Ројтерс.
Беспилотни летала погодија две централни градски области – Слобидски и Основјански – по полноќ.
Регионалниот гувернер Олех Сињехубов изјави дека во нападот биле употребени 11 беспилотни летала и дека седум лица се повредени. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека 22 жители биле евакуирани од еден дел од оштетената зграда.
Градоначалникот, исто така, рече дека друг дрон го погодил подрачјето пред медицинската установа, повредувајќи еден лекар и оштетувајќи ја зградата и околните возила.
Харков, кој се наоѓа на околу 30 километри од руската граница, успешно се спротивстави на заземањето во раните фази од руската инвазија во февруари 2022 година и останува честа цел на руските воздушни напади.
фото: принтскрин
Европа
Русија привремено ги прекина летовите на аеродромот Краснодар
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ соопшти дека рано утрово привремено ги прекинува летовите на аеродромот Краснодар во јужна Русија за да се обезбеди безбедноста на летовите.
Неофицијалните руски и украински канали на Телеграм објавија серија експлозии низ регионот Краснодар, каде што се наоѓаат нафтениот терминал Новоросијск и рафинеријата Илски.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди неофицијалните извештаи за експлозиите.
фото: принтскрин

