Свет
Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел, по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави дека работата за повторно обединување на Европа не е завршена и порача дека Западен Балкан има историска можност цврсто да ја врзат својата иднина со Европската унија.
„Западен Балкан, Турција, Украина, Молдавија и Грузија имаат историска можност цврсто да ја врзат својата иднина со ЕУ. Проширувањето на ЕУ е трансформативна политика која ја подобрува безбедноста, правдата и демократијата, истовремено подигнувајќи го животниот стандард на Европејците“, се вели во соопштението на Борел.
Тој додаде дека ЕУ и земјите кандидати соработуваат на полето на безбедноста и одбраната со цел подобро да се соочат со повеќе геополитички предизвици заедно. Борел изјави дека од идните земји-членки се бара да ги зајакнат своите демократски институции и да ги поддржат човековите права и основните слободи, додека ЕУ работи на нејзината реформа и денес се подготвува за „Унијата на утрешниот ден“.
Тој подвлече дека целта не е само за поголема ЕУ, туку и за посилна, „способна да ги зачува и проектира нашите заеднички вредности низ целиот свет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Франција, повеќе од 600 деца под две годишна возраст претрпеле сексуално насилство во 2024 година, според најновите извештаи
Повеќе од 600 бебиња под две години претрпеле сексуално насилство минатата година, според податоците објавени денес од Француската меѓуминистерска мисија за заштита на жените (Miprof).
Како што наведува оваа мисија, која се повикува на податоци од Министерството за здравство, минатата година 614 бебиња биле примени во здравствени установи поради сексуално насилство, што е два проценти од вкупниот број жртви на овој вид насилство, објави телевизијата „Bfm“.
Вкупно 73.992 жртви на родово базирано и сексуално насилство биле примени во здравствени установи во 2024 година, што е за речиси 9.000 повеќе од претходната година, според најновиот годишен извештај за насилство врз жените во Франција, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Француски генерал за Русија: Ако нашата земја се откаже затоа што не е подготвена да ја прифати загубата на своите деца и се соочи со економски тешкотии, тогаш ќе бидеме во опасност
Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, предизвика жестока политичка и јавна реакција во Франција, изјавувајќи дека Французите треба да бидат подготвени да „ги изгубат своите деца“ ако сакаат да ја одвратат Русија, пренесуваат светските медиуми.
Зборувајќи на 18 ноември на конгресот на француските градоначалници, Мандон рече дека Франција може да биде во „опасност“ ако како општество не е подготвена да направи големи жртви.
„Ако нашата земја се откаже затоа што не е подготвена да ја прифати загубата на своите деца и се соочи со економски тешкотии, а притоа да даде приоритет на производството на одбранбена опрема, тогаш ќе бидеме во опасност“, рече генералот, пренесува TF1.
Мандон тврдеше дека Франција има „знаење, економска и демографска моќ“ да се соочи со Русија, истакнувајќи дека долго време инсистира на вооружување на земјата. Тој неодамна предупреди дека француската армија мора да биде подготвена за евентуален конфликт со Русија во рок од три до четири години.
Како што истакнува TF1, изјавата предизвика силна осуда од политичарите од целиот спектар. Жан-Лук Меланшон, основачот на левичарската партија „Бунтовна Франција“, остро реагираше, велејќи дека генералот немал овластување да „планира жртви“ што произлегуваат од политички и дипломатски одлуки.
„Не е негова работа да ги планира жртвите што ќе произлезат од нашите дипломатски неуспеси, за кои не е побарано негово мислење“, напиша Меланшон на мрежата X.
Медиумите потсетуваат дека рускиот претседател Владимир Путин претходно оцени дека разговорите на европските политичари за можна војна со Русија се „глупости“. Во својот говор на општата дебата на 80-тото заседание на Генералното собрание на ОН, министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, нагласи дека Русија никогаш не нападнала, ниту има намера да ги нападне НАТО или Европската Унија.
Фото: принтскрин
Регион
Исчезна 14-годишна тинејџерка во Загреб, мајката моли за помош
Четиринаесетгодишно девојче од Загреб е исчезнато од вчеравечер. Според мајка ѝ, таа последен пат била видена во близина на училишното игралиште во населбата Травно околу 20 часот синоќа. Оттогаш нејзиниот мобилен телефон е исклучен.
Веб-страницата nestali.hr објави дека тинејџерката исчезнала вчера и дека последен пат била видена на улицата Ивана Шибла.
Ванеса е родена 2011 година, хрватска државјанка и живее во Загреб. Висока е 165 сантиметри, има кафеава коса и кафеави очи.
Облеката што ја носела во моментот на нејзиното исчезнување не е наведена.

Хрватската полиција ги замолува сите граѓани што имаат какви било информации за исчезнатото девојче или ја виделе, веднаш да го пријават тоа во најблиската полициска станица или да се јават на телефон. Информации може да се достават и преку веб-страницата nestali.gov.hr.

