Регион
Босански министер предлага укинување на полицискиот час на 4 мај

Федералниот министер за внатрешни работи Аjоша Чампара достави предлогот до штабот за цивилна заштита за укинување на наредбата со којa се забранува движењето на граѓаните во Федерацијата на БиХ.
Предложено е полицискиот час да биде укинат на 4 мај, со образложение дека, врз основа на деталната анализа на безбедносната состојба, има услови за целосно укинување на мерката. Предложено е до Сојузниот штаб за цивилна заштита, доколку не е можно да се укине мерката забрана за движење на граѓаните на 4 мај поради епидемиолошката состојба, да се стори тоа постепено на почетокот на мај.
Во тој случај, Чампара предлага усвојување на амандман на Уредбата за забрана на движење на граѓаните во територијата на Федерацијата на БиХ со цел да се забрани движењето на граѓаните од 22 до 5 часот во периодот од 4 мај 2020 година до 10 мај 2020 година, и дека оваа мерка ќе биде укината на 11.5.2002 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.