Свет
Бразилците в недела избираат претседател
Бразилците в недела ќе се упатат на претседателските избори на кои главната битка ќе се води меѓу Фернандо Адад, левичар кој собира успеси благодарение на харизмата на поранешниот претседател Лула, и крајниот десничар Жаир Болсонаро (63), чија популарност предизвикува загриженост за стабилноста на демократијата во земјата. Резултатот е тешко да се предвиди.
Ако победи поранешниот воен капетан Болсонаро, Бразил ќе добие претседателот кој е најголем десничар во историјата, велат експертите.
Овој 63-годишник води во анкетите за јавното мислење, но сериозна конкуренција му е Фернандо Адад (55). Поранешниот градоначалник на Сао Паоло ја замени Лула да Силва како кандидат за левоориентираната Лабуристичка партија (ПТ) откако поранешниот претседател заврши во затвор поради обвиненија за корупција.
За претседател се натпреваруваат 13 кандидати. Покрај Адад и Болсонарo, уште трojца имаат шанса да добијат повеќе од 10 проценти во првиот круг. Кандидатите сигурно ќе мора да одат и во втор круг, кој ќе се одржи на 28 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

