Свет
Бразил се збогува со Пеле, во Сао Пауло прогласена седумдневна жалост
Бразил се збогува со легендарниот фудбалер Пеле. Седумдневна жалост е прогласена во сојузната држава Сао Пауло, а џиновскиот споменик на Исус над Рио де Жанеиро свети во зелена и жолта, боите на националното знаме. Пеле, кој трипати го освојуваше Светското првенство со Бразил, почина на 82-годишна возраст во болница во јужниот дел на градот Сао Пауло.
„Болницата ‘Израелита Алберт Ајнштајн’ со тага може да потврди дека денеска во 15.27 часот Едсон Арантес до Насименто-Пеле починал како последица на повеќекратно откажување на органите. Причината била прогресијата на ракот на дебелото црево поради што бил примен“, соопштија од болницата.
Кели Насименто, ќерката на Пеле, објави проштална порака на социјалните мрежи. „Сè што сме е поради тебе. Те сакаме бескрајно. Почивај во мир“, напиша таа.
Фудбалскиот клуб „Сантос“, за кој настапуваше од 1956 до 1974 година, објави слика од круната со зборовите „засекогаш“.
Eterno. pic.twitter.com/N912VpCmVK
— Santos FC (@SantosFC) December 29, 2022
Сојузната држава Сао Пауло, на југоистокот од јужноамериканската земја, прогласи седумдневна жалост поради смртта на спортистот. „Како знак на почит кон најголемиот мит во бразилскиот фудбал пропишувам официјална седумдневна жалост. Моето сочувство до семејството и пријателите и до фудбалскиот клуб Сантос, неговиот клуб и неговата страст“, рече гувернерот Родриго Гарсија.
И фудбалскиот клуб „Сантос“ објави соопштение во кое ја изразува својата тага поради смртта на кралот на фудбалот, како што го нарекоа. „’Сантос’ длабоко жали за смртта на најдобриот фудбалер на сите времиња. Нашиот најголем идол што го овековечи дресот со број 10 и го претвори во дело на уметноста“, се вели во соопштението.
Веста за смртта на Пеле е на насловните страници на бразилските онлајн-весници. „Тој беше добар фудбалер, но лош татко и ѓубре како семеен човек“, вели Алесандра Лоренцо, 39-годишна Бразилка родена во градот Куритиба.
„Поради парите и славата, луѓето сега претеруваат“, додала таа потсетувајќи дека Пеле бил неколкупати женет и имал многу деца, а наводно и ќерка, која одбил да ја признае, која починала од рак на 42-годишна возраст.
Информациите за погребот на Пеле сè уште не се објавени, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Свет
Генералниот секретар на ОН: Шокиран сум од насилството и прекумерната употреба на сила од страна на иранските власти
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во неделата ги повика иранските власти да „покажат максимална воздржаност“ по смртоносните протести што ја потресоа земјата.
„Шокиран сум од извештаите за насилство и прекумерна употреба на сила од страна на иранските власти против демонстрантите што резултираа со смртни случаи и повреди во последните денови“, напиша Гутереш на Икс.
Shocked by reports of violence & excessive use of force by the Iranian authorities against protesters resulting in deaths & injuries in recent days.
The rights to freedom of expression, association & peaceful assembly must be fully respected & protected.
I urge the Iranian…
— António Guterres (@antonioguterres) January 11, 2026
„Правата на слобода на изразување, здружување и мирно собирање мора целосно да се почитуваат и заштитат“, додаде тој.
Гутереш ги повика властите да „покажат максимална воздржаност“ во врска со непотребната или непропорционалната употреба на сила. „Исто така, повикувам на чекори за да се овозможи пристап до информации во земјата, вклучително и враќање на комуникациите“, рече тој.
Протестите започнаа пред околу две недели поради тешката економска криза во земјата, но брзо се претворија во политички протести против владата на Исламската Република.
Свет
Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог
Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави Ал Џезира.
Тој нагласи дека владата тесно соработува со безбедносните служби за решавање на проблемот и потврди дека интернет-поврзувањето ќе биде вратено и во амбасадите и владините министерства, објавија странските медиуми.
Арагчи, исто така, се осврна на предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за можна воена акција доколку протестите во Иран станат насилни.
Иранскиот министер ги нарече ваквите закани „терористички чин“, тврдејќи дека изјавите на Трамп ги мотивирале „терористите“ да ги нападнат демонстрантите и безбедносните сили со цел да предизвикаат странска интервенција.
И покрај тензиите, Арагчи заврши со помирувачка, но цврста порака: „Подготвени сме за војна, но и за дијалог“.

