Свет
(Видео) Снежната бура што го погоди американскиот континент создаде леден град во Канада
Снежната бура што го погоди американскиот континент целосно ги обви во мраз куќите покрај езеро во Онтарио.
Жителите на заедницата Форт Ири изјавија дека за време на невремето брановите ги погодиле ѕидовите на куќите по што се формирал вистински леден град.
„Водата замрзна од задниот дел на куќите, па од врвовите на куќите надолу“, изјави жител на заедницата Дерек Таплинг за ЦТВ.
Au Canada, la ville de Fort Érié a vu de nombreuses maisons en bordure d’un lac être recouvertes de glace. Une tempête hivernale a touché une partie des Etats-Unis et du Canada, charriant des vents glacés. Au moins 59 personnes auraient perdu la vie, selon un bilan temporaire. pic.twitter.com/lyoya8SxKA
— Les Echos (@LesEchos) December 29, 2022
Тој додаде дека огромно количество вода удрила во ѕидовите на куќите и веднаш замрзнала.
„Тоа е апсолутно неверојатно“, додаде тој.
Заедницата се наоѓа западно од округот Ири, Њујорк, каде што историската снежна бура однесе повеќе од 30 животи.
Во Форт Ири температурите во текот на ноќта за време на бурата паднаа на едноцифрена – околу 20 степени под просекот за овој период од годината.
Интересен факт е дека овој крајбрежен град во округот Форт Ири се вика Кристална Плажа, а ниските температури и снегот штотуку создадоа кристални куќички.
Crystal Beach in Canada is truly living up to its name as a massive winter storm last week left it coated in ice ❄️
The lakefront community in Fort Erie, Ontario, is close to the border of New York city Buffalo which has been especially battered by the blizzard. pic.twitter.com/gjSDJaajIU
— Metro (@MetroUK) December 29, 2022
Таплинг изјави за ЦТВ дека мразот што се насобрал на куќите бил дебел најмалку 12 инчи, а жителите биле загрижени за штетите на куќите.
„Овде сме долго време и никогаш не сме виделе толку лошо време во овој период од годината. Штетата и уништувањето на домовите се неверојатни“, рече Таплинг.
Температурите во областа Форт Ири се очекува да се искачат на 20-ина степени над нормалата, што може да доведе до брзо топење и акумулација на вода, пренесе „Телеграф.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.
Свет
Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел
Командантот на силите Кудс, Есмаил Кани изјави дека трите европски земји кои ги распоредија своите воени авиони за да го одбранат Израел од одмаздничката операција организирана од Иран ќе одговараат.
– Франција, Германија и Велика Британија не треба да мислат дека распоредувањето на авионите таа ноќ е крај на проблемот. Да, таа ноќ заврши, но ќе одговорат во догледно време – изјави бригадниот генерал Есмаил Кани.
Според него, Соединетите Американски Држави и целата западна воена алијанса на НАТО придонеле со сите свои воени капацитети за одбрана на Израел од иранската операција „Вистинско ветување“, пренесува иранската агенција „Тасним“.
– Седум или осум поморски групи се распоредени во Црното Море за да се спречи (иранската) операција – рече тој, додавајќи дека во таа операција се вклучени и повеќе од 200 авиони.
Кани оцени дека Иран ја покажа својата сила, непоколебливост и моќ на целиот свет при нападот на територијата на Израел.
– Победата на операцијата „Вистинско ветување“ не е ограничена само на бројот на ракети и беспилотни летала кои стигнаа до окупираните територии – рече Кани и ги повика земјите од регионот да учат од, како што наведе, „неспособноста на САД да го заштитат израелскиот режим за време на иранската операција“ и да не се потпираат на Вашингтон.
На 13 април Техеран истрела повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел, како одговор на нападот врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск на 1 април, кога беа убиени седум членови на Иранската револуционерна гарда.
Иран тврди дека нападот „Вистинско ветување“ предизвикал голема штета на израелските воени бази.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.