Свет
Бразил ќе ја пренесе амбасадата во Ерусалим
Синот на бразилскиот претседател Јаир Болсонаро, Едуардо, изјави дека татко му ќе ја пренесе бразилската амбасада во Израел, во Ерусалим, следејќи го примерот на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува РТ.
„Како што рече татко ми, бразилската амбасада ќе се пресели во Ерусалим. Тоа не е ништо необично“, рече Болсонаро на отворањето на бразилската трговија мисија во Ерусалим.
„Израел нема подобри пријатели од народот и владата на Бразил“, рече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на истата церемонија.
Јаир Болсонаро е гласен поддржувач на еврејската држава и вети дека за време на својата изборна кампања, ќе ја пренесе амбасадата на Бразил во главниот град. Болсонаро допрва треба да го исполни тоа ветување за разлика од Трамп, кој ја пресели американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим минатиот мај.
Ерусалим се смета за главен град и од Палестинците и од Израелците, а источниот дел на градот се смета за окупирана територија. Овој потег е, според тоа, контроверзен, особено затоа што им штети на имиџот на САД како искрен посредувач за каков било иден мировен договор меѓу Израелците и Палестинците.
Бразилската амбасада треба да се пресели во Ерусалим в година. Во моментот само САД и Гватемала имаат свои амбасади во овој град. Хондурас планира да го направи овој потег во наредните недели. Унгарија, Австралија и Чешката Република имаат трговски канцеларии во Ерусалим, слично на онаа што ја отвори Болсонаро во неделата.
Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел е имплицитно во ваквите потези. Сепак, последиците од овој потег не само што може да му наштетат на имиџот на Бразил во арапските држави туку и на неговата финансиска состојба. Само 0,1 отсто од извозот на Бразил оди во Израел, а речиси 5 отсто одат во земјите на Арапската лига.
Претходно годинава, бразилската министерка за земјоделство предупреди дека потегот на амбасадата може да ѝ наштети на халал-месната индустрија во земјата.
„Бразил не може да си дозволи да ги загуби пазарите, ние треба да отвориме нови пазари“, рече таа во тоа време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

