Свет
Браќата Вилијам и Хари рамо до рамо го придружуваа ковчегот на кралицата до Вестминстерската палата

Кралското семејство денеска го придружуваше ковчегот на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската палата. По тој повод, принцовите Вилијам и Хари застанаа еден до друг.
Ковчегот со телото на кралицата ја напушти Бакингемската палата, придружуван од кралот Чарлс, неговите браќа Ендру и Едвард, сестрата Ана, како и синовите.
Ковчегот на кралицата ќе стои 4 дена во Вестминстерската палата, каде што милиони луѓе ќе дојдат да се простат од неа.
Еден од највпечатливите и најемотивни моменти од поворката е секако сликата на браќата Вилијам и Хари.
Вилијам и Хари уште еднаш ги оставија настрана несогласувањата и застанаа рамо до рамо додека ја придружуваа својата сакана баба до Парламентот.
Двајцата браќа чекореа рамо до рамо со тажни лица. Факт е дека оваа сцена ги враќа назад во времето по смртта на мајка им Дијана.
Нивните сопруги Меган и Кејт беа разделени патувајќи во автомобилите назад.
Кејт седеше во автомобилот со кралицата Камила, а Меган седеше со Софи, грофицата од Сасекс.
Тие две имаа и тажен израз на лицето додека стоеја една до друга во неколку наврати.
Се чини дека смртта на кралицата Елизабета успеа да го обедини кралското семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.
Свет
Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека ќе може да влезе во рајот, но додаде дека на многумина им го направил животот подобар.
Изјавата ја даде во претседателскиот авион Air Force One. За време на летот, еден од новинарите што го придружуваа 79-годишниот претседател го праша за неговите претходни коментари кои ги дал во контекст на преговорите за мировниот договор во војната меѓу Русија и Украина.
Трамп уште во август, во емисијата „Fox and Friends“, изјави: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно, мислам дека тоа е прилично добро – сакам да се обидам да влезам во рајот, ако е можно. Слушам дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но ако успеам да влезам во рајот, ова ќе биде една од причините“
На прашањето дали неговите шанси се подобриле по договорот меѓу Израел и Хамас, Трамп сега одговори: „Малку се шегувам. Мислам дека ништо нема да ме одведе во рајот. Можеби не сум предодреден за тоа. Можеби сум во рајот токму сега, додека летаме со Air Force One,“ рече Трамп.
Тој повторно ја обвини администрацијата на Џо Бајден за неспособност и додаде дека војната во Украина никогаш немаше да се случи доколку изборите во 2020 година не биле наместени.
Свет
Египетскиот претседател до Израелците: Претворете го овој историски момент во нов почеток

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги повика Израелците моментот на потпишување на мировниот договор за Газа да го претворат во нов почеток за поправеден и помирен живот во регионот.
„Погледнете кон подобра иднина за нашите деца,“ рече Сиси по потпишувањето на договорот во Шарм ел-Шеик.
На самитот присуствуваа Доналд Трамп и бројни меѓународни претставници. Обраќајќи му се на Трамп, Сиси додаде: „Господине претседателе, нека војната во Газа биде последната војна на Блискиот Исток.“