Европа
Бригит Бирлајн – прва жена канцeлар на Австрија
Австрискиот претседател Александер ван дер Белен ѝ наложи денеска на Бригит Бирлајн, актуелна претседателка на Уставниот суд, да формира нова преодна влада во Австрија.
Бирлајн, која се смета за личност со конзервативна политичка ориентација, е првата жена во историјата на Австрија, која ќе ја извршува функцијата канцелар.
In unserer Verfassung ist grundgelegt, dass an dem Punkt, an dem wir jetzt stehen, der Bundespräsident eine Person als Bundeskanzler oder Bundeskanzlerin auszusuchen hat. Brigitte #Bierlein wird von mir zur #Bundeskanzlerin der Republik #Österreich ernannt. (1/3) pic.twitter.com/DlnX6wunDh
— A. Van der Bellen (@vanderbellen) May 30, 2019
Од 2018 година таа е претседателка на Уставниот суд и се смета за натпартиски кадар, но двата големи скока во нејзината кариера ги направи под владата составена од Народната партија (ОВП) и Партијата на слободата (ФПО), првин во 2003 година кога стана заменик-претседател и минатата година кога беше назначена за претседателка на Уставниот суд.
Бирлајн е именувана за мандатар за формирање преодна влада, која ќе биде во функција до формирање нова влада по предвремените избори што ќе се одржат во септември.
Бирлајн му се заблагодари на претседателот за довербата што ѝ ја укажал.
„Ви ветувам вам и на сите Австријци дека ќе ја оправдам довербата што ја имате во мене. Веднаш по оваа изјава, ќе почнам разговори со експерти од јавната администрација“, рече таа и најави дека во текот на следните денови ќе ги претстави и другите членови на владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

