Свет
Брижит Макрон згрозена од критиките: Свесна сум дека мојот брак не е типичен поради разликата од 24 години
Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит, рече дека е згрозена од негативните коментари и непријателството на кои наишла поради тоа што е 24 години постара од својот сопруг.
68-годишната прва дама на Франција во интервју откри дека одамна станала свесна дека нејзиниот брак не е типичен, но и не можела да сонува за толкава доза агресија насочена кон нив поради тоа.
Вели дека е повредена од споредбите со Марија Антонета и забелешките дека живее луксузен живот и дека не е во контакт со обичните смртници.
Интервјуто за „Ле Монд“ се појави во моментот кога 43-годишниот претседател Макрон се подготвува за новата претседателска кампања в година, со надеж дека неговиот народ повторно ќе го избере.
Неговата сопруга, која пораснала во буржоаско семејство и посетувала приватно католичко училиште во Амиен, на северот на Франција, многумина ја сметаат за предност во обидот да ги придобие десничарските гласачи.
„Луѓето ме класифицираат како десничар само поради моето потекло и образованието. Но, никој не знае која е вистинската вистина“, вели Брижит и открива дека школувањето ја водело, ја научило да прифаќа ограничувања, но ѝ дало и слобода.
Макрон ја запознал својата идна сопруга кога таа станала учителка во друго приватно училиште во Амиен, каде што тој бил нејзин ученик. Поради него, таа на крајот го оставила својот прв сопруг, со кој имала три деца, за да се омажи за Макрон во 2007 година.
Во интервјуто таа открива дека не ни сонувала оти тој ќе стане политичар. Била убедена дека тој ќе биде писател или пијанист.
„Бев убедена дека Емануел ќе работи во културата и се подготвив за таков живот“.
Наместо тоа, тој првин стана министер за финансии во владата на Франсоа Оланд, а потоа во 2017 година стана претседател на Франција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.
Свет
Орбан: На изборите се одлучува за војна или мир
Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги претстави претстојните избори на 12 април како избор меѓу „војна и мир“, тврдејќи дека опозицијата ќе ја вовлече Унгарија во војната во Украина.
„За мир, Фидес е сигурен избор“, порача тој.
Владината кампања ги повикува граѓаните да ја потпишат националната петиција за одбивање финансиска помош за Украина, а низ државата се поставени постери кои го прикажуваат лидерот на опозицијата Петер Маѓар како поддржувач на ЕУ и Украина.
Иако партијата Тиса на Маѓар е водечка во анкетите, и таа е воздржана во однос на Украина, најавувајќи референдум за евентуалното пристапување на Киев во ЕУ.
Според анкети, 63 проценти од Унгарците се против европска помош за Украина, а 64 отсто се против членството на Украина во ЕУ.

