Свет
Британец изработи пиштол со помош на 3Д принтер
Британецот Тендај Мусвер е првиот осуден поради изработка на оружје со помош на 3Д принтер, кој може да испука смртоносен куршум, објави полицијата.
Деловите од оружјето биле откриени во рација во која се барала дрога во стан во централен Лондон, во октомври 2017 година.
Мусвер, кој ја признал вината пред лондонскиот суд, им рекол на истражителите дека испринтал 3Д пиштол во склоп со унивњерзитетски проект.
Но полицијата открила дека Мусвер на интернет гледал видео за тоа како да изработи оружје кое може да испука вистински куршуми.
Ова е прва пресуда во Британија која се однесува на производство на пиштол со помош на 3Д принтер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека е потребен голем преглед на Обединетите нации посочувајќи дека речиси 200 земји во светот не може да бидат препуштени во рацете на пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН.
Тој на светскиот форум на ТРТ во Истанбул рече дека ОН треба целосно да се реформираат.
„Светот не може да биде оставен на милост и немилост на пет постојани земји (членки на Советот за безбедност на ОН). Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на една од овие пет постојани членки“, рече Ердоган, пренесува „Анадолија“.
Свет
Непријавен патник бил откриен во авионот од Њујорк за Париз
Непријавен патник бил пронајден во авионот што летал од Њујорк за Париз за време на празникот Денот на благодарноста, соопштија властите, пренесоа денеска американските медиуми.
„Слепиот патник“ бил откриен во авион што полетал од њујоршкиот аеродром ЏФК за Париз, а бил изнесен од авионот по слетувањето на аеродромот „Шарл де Гол“, соопштија властите, пренесува „Еј-би-си њуз“.
Лицето што влегло во авионот ги заобиколило проверката на документите и агентот на влезот на летот, но детаљно бил проверен на безбедносниот пункт на њујоршкиот аеродром, навела авијациската управа, пренесува „Танјуг“.
Како што додаваат, тоа значи дека ова лице немало никакви забранети предмети со себе и не претставувало безбедносна опасност, пренесува „Танјуг“.
Сè уште не е јасно како крадецот успеал да ја заобиколи контролата на документите на местото за пријавување.
За инцидентот е известено Федералното биро за истраги (ФБИ). Други детали за лицето што успеало да се качи во авионот без да биде пријавено засега не се објавени. Компанијата соопшти дека води исцрпна истрага за она што се случило, како и дека ќе соработува со други служби до утврдување сите околности на овој случај.
Свет
Ирански и европски дипломати разговараат за нуклеарната програма на Техеран
Европски и ирански дипломати се сретнаа денеска во Женева за да ја разгледаат можноста за одржување сериозни разговори за спорната нуклеарна програма на Техеран пред новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата во јануари.
Состанокот во Женева, прв по изборите во САД, дојде откако Техеран негодува за резолуцијата поддржана од Европа, донесена минатата недела, во која се критикува соработката на Иран со Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), објави „Ројтерс“.
Трамп, кој за време на претходниот мандат го напушти нуклеарниот договор со Иран по курс на максимален притисок за слабеење на иранската економија, во својата нова администрација вклучи функционери познати по својот строг однос кон Иран, наведува британската агенција.