Свет
Британија позиционира подморници, се чека Трамп да одлучи за напад во Сирија
Британски подморници се позиционирале за напад на Сирија, објави „Дејли телеграф“. Британската премиерка Тереза Меј треба да одлучи дали заедно со САД и Франција ќе учествува во ракетните напади во Сирија, но сака да има можност за брзо реагирање, наведува „Дејли телеграф“.
Како што пишува „Скај њуз“, Меј утре од нејзиниот кабинет ќе побара одобрување акција под водство на САД и Франција во Сирија.
Во меѓувреме, портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, изјавила дека американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија и Сирија се одговорни за хемискиот напад во таа блискоисточна земја.
Конечната одлука за можен напад во Сирија сè уште не е донесена, а покрај ракетен напад на маса се ставени бројни опции, порачала Сандерс. Трамп сè уште не дал временска рамка во која евентуално би дошло до акција во Сирија. Тој претходно ја предупреди Русија преку „Твитер“ да се подготви за ракетни удари на Сирија.
Од друга страна, пак, генерал-полковник на руската војска Виктор Познахир рекол дека припадниците на групата „Бели шлемови“ изрежирале и снимиле наводен хемиски напад на цивилите во сирискиот град Дума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Брутално претепан познатиот албански водител Елтон Тозај, може да остане слеп
Познатиот албански водител Елтон Тозај бил нападнат и брутално претепан синоќа околу 19:30 часот на автопатот Тирана-Драч, под околности кои сè уште остануваат вознемирувачки и нејасни, објавија медиумите.
Според информациите објавени од неговото семејство, на неговиот профил на социјалните мрежи, новинарот бил брутално нападнат од неколку лица. Во насилството врз Тозај му биле нанесени сериозни физички повреди.
„Семејството објави дека Елтон Тозај моментално е во сериозна здравствена состојба и е на интензивна медицинска нега. Според нив, ситуацијата е деликатна, бидејќи новинарот се бори да не го изгуби видот, што го прави овој настан уште поалармантен“, наведуваат медиумите.
Од полицијата засега нема информација околу настанот.
Свет
Бурата Јоханес ја погоди Шведска, повеќе од 40.000 домаќинства без струја
Бурата Јоханес ја погоди Шведска носејќи силни ветрови и снежни врнежи, додека повеќе од 40.000 домаќинства останаа без електрична енергија.
Според метеоролозите, бурата се шири брзо и се очекува ветровите да се зајакнат во текот на денот.
Бурата започна ноќеска од северот на земјата, со многу силни ветрови, додека жолти и портокалови временски предупредувања беа издадени за поголемиот дел од Шведска, пренесе локалниот портал Expressen.
Свет
По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев
Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија.
Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.
„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.
Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.
Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“

