Европа
Британската војска ги повика нежните деца од новата генерација во своите редови

Британската армија започна кампања со која ги повикува „нежните деца, милениумците и зависниците од селфи фотографии“ да се приклучат во нејзините редови.
Според Би-би-си, новите постери се дизајнирани да личат на оние од Првата светска војна и ќе се појават на билборди низ цела Британија.
Something desperate about this, flattering millennials about their ‘compassion’ and ‘self-belief.’
The compassion is mostly virtue-signalling, the self-belief more like self-absorption.
Surely the last things you want or need in an armyhttps://t.co/HLDM4ZaCzH via @MailOnlin
— Peter Whittle AM (@prwhittle) January 3, 2019
Кустосот на Воениот музеј на британската империја, Алекс Волтон, пак, вели дека постерот на британскиот државен секретар лорд Херберт Киченер, на кој потсетува новиот дизајн, никогаш не се користел како официјален постер за регрутација во текот на Првата светска војна.
Постерот односно сликата на лорд Киченер, со порака „Потребен си и на твојата земја“, за првпат се појавил на насловната страница на весникот „Лондон онионс“ во септември 1914 година.
Покрај постерот, британската армија во рамки на кампањата наречена „Ова е припадност“, подготви и спотови во кои се појавуваат млади луѓе кои се чувствуваат потценети на нивните работни места.
Волтон верува дека кампањата е многу модерена и ги следи трендовите во согласност со прославата на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин