Свет
Британската кралица и нејзиниот сопруг ќе се вакцинираат, но не пред камерите

Британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип Втори, најверојатно, ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, но нема да го сторат тоа пред камера, изјави британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.
„Не сум сигурен дека ќе го сторат тоа пред камерите, но убеден сум дека договорите ќе бидат направени според фазниот пристап што го претставив и, како и секое семејство, и тие веројатно почувствуваа притисок и грижи за оваа пандемија што нè опкружува“, рече Раб како што пренедува Си-ен-ен.
Кралицата Елизабета (94) и нејзиниот сопруг Филип (99), поради нивната возраст, се меѓу најранливите групи кои се први во редот за вакцинирање против корнавирусот. Вакцинацијата почна вчера во Велика Британија.
Минатата недела Си-ен-ен објави дека поранешните американски претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон се подготвени да ја примат вакцината против коронавирусот пред камера за да ја зголемат довербата на јавноста во безбедноста на вакцината, која е одобрена од американската Администрација за храна и лекови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.
Свет
Осомничениот за убиството на Кирк задржан во притвор без можност за кауција

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк во Јута, е приведен без кауција.
Судските документи исто така наведуваат дека Робинсон нема прекршочни или кривични пресуди.
Робинсон беше приведен по неколку првични обвиненија, кои вклучуваат тешко убиство, пукање со огнено оружје и попречување на правдата. Официјални обвиненија сè уште не се покренати против него.
Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, е сместен во окружниот затвор во Спаниш Форк во американската држава Јута.
Властите имаат три дена да поднесат документи како подготовка за прелиминарно судско рочиште, каде што Робинсон треба да се појави за прв пат пред судија, што се очекува на почетокот на следната недела.