Свет
Британската полиција пресретна чамци со 60 мигранти кај Ла Манш

Британските власти синоќа објавија дека пресретнале над 60 мигранти кои во мали чамци преку Ла Манш се обидувале да влезат во Велика Британија.
Мигрантите, кои се пронајдени во пет чамци, рекле дека се државјани на Иран, Ирак и Узбекистан. Меѓу нив има мажи, жени и деца кои веднаш биле згрижени.
Во последно време се забележува шверцот на луѓе во мали чамци заради поригорозната полициска контрола. Британските власти соопштија дека соработуваат со француските колеги и дека патролите на францускиот брег се дуплирани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Кина: Подготвени сме за соработка со Европската Унија

Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека Кина е подготвена да соработува со Европската Унија за проширување на меѓусебната отвореност и конструктивно решавање на разликите, објави денес државната новинска агенција Ксинхуа.
Изјавата доаѓа на 50-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Кина и ЕУ, во време кога двете страни се обидуваат да ги одмрзнат односите нарушени од глобалната несигурност и високите царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп.
Кси не ги спомена директно САД, но Пекинг во последно време интензивно се обидува да ги продлабочи политичките и економските врски со Европа за да ги ублажи последиците од американските царини што влијаат на поголемиот дел од кинескиот извоз.
„Здравите и стабилни односи меѓу Кина и ЕУ не само што придонесуваат за заеднички напредок, туку и носат светлина на остатокот од светот“, рече Си.
Тој ја повика Европската Унија да соработува со Кина за „заштита на праведноста и правдата“ и да се спротивстави на „едностраното насилство“, објави Ксинхуа, додавајќи дека кинескиот лидер ги опишал односите со ЕУ како едни од највлијателните во светот.
Кина изјави дека ќе ги поздрави посетите на претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, „во соодветно време“ за заедничко одржување на нова рунда самити.
Оваа година, Кина и ЕУ планираат серија дијалози на високо ниво за стратегија, економија и трговија, зелена транзиција и дигитализација – објави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џиан, на прес-конференција.
Министерството, исто така, потврди дека Кина и Европскиот парламент одлучија повторно да ги овозможат меѓусебните посети и контакти.
Минатата недела, ЕУ објави дека Кина ќе ги укине санкциите против членовите на Европскиот парламент и неговиот поткомитет за човекови права. Овие санкции беа воведени во 2021 година откако Западот воведе мерки врз кинеските функционери обвинети за масовно затворање на муслимански Ујгури во регионот Синџијанг.
„Под сегашните околности, обете страни веруваат дека е исклучително важно Кина и Европа да го зајакнат дијалогот и соработката“, изјави Лин пред новинарите.
Изрази увереност дека обновените разговори ќе „внесат нов импулс“ во развојот на односите меѓу Кина и Европската Унија.
Регион
Турчин во Косово избодел до смрт една од своите ќерки, а другата тешко ја повредил

Маж утрово во Призрен, Косово, избодел до смрт една од своите ќерки и тешко ранил друга. Неговата сопруга исто така беше повредена. Осомничениот е уапсен, објавува порталот КоССев.
Во полициското соопштение се вели дека службите за итни случаи не биле во можност да им пружат помош на девојките на местото на настанот бидејќи осомничениот бил таму со нож во рака. Потоа беа испратени четири полициски патроли.
„На местото на настанот беше утврдено дека осомничениот, М.Г., роден 1981 година, маж, ги избодел своите две ќерки со нож. 15-годишната девојка починала на самото место, додека другата е тешко повредена и моментално се наоѓа во КБЦ во Приштина. Таа е во тешка состојба“, се вели во соопштението.
„Осомничениот, исто така, се повредил и е во Регионалната болница во Призрен. Неговата 35-годишна сопруга, исто така, се здобила со повреди“, се додава во соопштението. Станува збор за турски државјани кои имаат одобрена дозвола за привремен престој во Призрен.
Основното обвинителство во Призрен го окарактеризира овој случај како тешко убиство.
Свет
(Фото) Трамп ја „обвинува“ Меланија за новиот скандал: „Јас не го направив тоа, таа сакаше“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, коментираше за фотографијата што беше објавена на социјалните мрежи, вклучително и на официјалниот профил на Белата куќа, на која тој е прикажан како нов папа.
И покрај фактот што фотографијата беше објавена и на неговите приватни профили и на профилот на Белата куќа, Доналд Трамп вели дека нема никаква врска со објавената содржина.
„Јас немав никаква врска со тоа. Некој направил фотографија од мене облечен како папа и ја објави на интернет. Јас не го направив тоа, немам поим од каде дојде. Можеби е вештачка интелигенција, но навистина не знам од каде дојде“, рече Трамп.
Тој тврди дека на католиците им се допаднала шегата.
„Тие не можат да ја поднесат шегата. Не мислам на католиците, туку на медиумите што шират лажни вести. На католиците им се допадна“, рече тој.
Трамп, исто така, рече дека Меланија му рекла дека фотографијата е одлична.
„Всушност, на жена ми ѝ се чинеше слатко. Рече: „Нели е ова прекрасно?““, објасни Трамп.
Католичките лидери во Соединетите Американски Држави реагираа луто на објавата на Трамп, особено нагласувајќи дека може да се протолкува како исмејување на верата.
„Никогаш не е соодветно да се исмејуваат другите и да се исмејува папата“, рече Денис Пост, извршен директор на Католичката конференција на државата Њујорк.