Свет
Британските муслимани инсистираат на халал-вакцина против грипот

Многу муслимански жители на Обединетото Кралство одбиваат да им дозволат на своите деца да учествуваат во националната програма за вакцинација против грип бидејќи третманот не е халал, арапски збор кој може да се преведе како дозволен, пренесува „Телеграф“.
Секое здраво дете на возраст од две до десет години во Англија ќе добие назална вакцина против грип следниот месец како дел од напорите на владата да ги заштити Британците од оваа болест.
Муслиманските родители се особено загрижени поради назалната вакцина „флуенз“, која содржи желатин добиен од свињи, кои се сметаат за нечисти според исламскиот закон.
„Телеграф“ го цитираше Шуџа Шафи, претседател на Муслиманскиот совет во Британската истражувачка комисија, велејќи: „Ги консултиравме научниците и ова е нивното гледиште… ни треба друга вакцина која е халал“.
Советот истакна дека спрејот „флуенз“ ќе биде дозволен само ако нема алтернатива и ако животот на децата е изложен на ризик.
Шафи уште минатата година ги повика медицинските лица да најдат долгорочно решение за проблемот. Неговиот став го повтори и Мери Рамзи, шеф на имунизацијата во Јавното здравство Англија (ПБЕ), која вели дека клучен приоритет на ПБЕ е да се осигури дека вакцините се безбедни и ефикасни.
ПБЕ ги охрабрува родителите да бараат совет од нивната верска заедница или од лидерите на заедницата за да ја кажат својата одлука.
Во моментот постојат спрејови без свински желатин, но тие се нудат само за деца со висок ризик. Се верува дека алтернативната вакцина е помалку ефикасна во смисла на намалување на ширењето на грипот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.