Европа
Британските туристи брзаат да ја напуштат Франција поради воведувањето карантин

Британците брзаат кон својата татковина од одморот во Франција кога владата во Лондон објави дека набргу ќе воведе 14-дневен карантин за патниците од таа земја.
Британската влада објави дека ќе воведе задолжителен карантин за повратниците од Франција в сабота од 3 часот по полноќ давајќи им нешто повеќе од 24 часа на речиси 160.000 британски туристи да се вратат дома.
Ненадејното воведено правило им зададе нов удар на туристите, авиокомпаниите и тур-операторите уште повеќе што Париз најави дека ќе воведе реципрочна мерка.
Голем број Британци се упатија кон француското пристаниште Кале надевајќи се дека навреме ќе фатат ферибот или воз за дома.
„Ги сменивме плановите кога ја слушнавме веста минатата вечер. Решивме да се вратиме дома еден ден порано за да избегнеме карантин“, рече една Британка во Кале.
Новите правила се однесуваат за Франција, која е втора најпопуларна дестинација за Британците, но и за Холандија и Малта, објави министерот за транспорт, Грант Шапс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Огромен пожар на сцената на еден од најголемите фестивали во светот

Главната сцена на фестивалот „Tomorrowland“ во Белгија е зафатена од огромен пожар само два дена пред почетокот на првиот викенд на еден од најголемите музички фестивали во светот.
На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како пламенот ја проголтува главната сцена на белгискиот фестивал, додека локалните медиуми известуваат дека службите за итни случаи се на местото на настанот во голем број.
#breaking!! #tomorrowland is on #fire right now pic.twitter.com/iWO0QAHNqt
— Javier Churich (@JaviChurich) July 16, 2025
Локалниот портал ГВА објави дека властите им советуваат на жителите да ги затворат прозорците и вратите поради ширењето на чад низ областа. Досега нема пријавени повредени бидејќи посетителите сè уште не пристигнале, а британскиот „Мирор“ објави дека околу 1.000 вработени биле на лице место во времето на пожарот, учествувајќи во подготовките за фестивалот.
I don’t think Tommorowland is happening this year pic.twitter.com/xGBxMpJsLZ
— 1S Swix (@SwixVL) July 16, 2025
Фотографиите и видеата објавени од ГВА и корисниците на платформата Икс го покажуваат обемот на пожарот, но сè уште не е познато колкава е штетата и дали инцидентот ќе влијае на фестивалот.
🔥 BREAKING: A massive fire has engulfed the main stage of the Tomorrowland music festival in Belgium, just days before the event kicks off on Friday.#Fire#Belgium#Friday#Tommorowland #MusicFestival pic.twitter.com/J0ANLLevKH
— Lumi Watch (@Lumibunnyy) July 16, 2025
Tomorrowland е еден од најголемите и најпознатите фестивали за електронска музика во светот, а оваа година се очекува повеќе од 70.000 посетители дневно да поминат низ фестивалските порти. Првиот викенд од фестивалот е закажан за овој петок.
Европа
Путин ќе го игнорира ултиматумот на Трамп, ги изнесе условите за мир, објави Ројтерс

Владимир Путин планира да ја продолжи војната во Украина сè додека Западот не се согласи на мировни преговори под руски услови, а неговите територијални претензии би можеле дополнително да се прошират ако руските сили продолжат да напредуваат, изјавија за Ројтерс три извори блиски до Кремљ.
Според овие извори, Путин не е импресиониран од заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за нови санкции и верува дека и руската војска и економија се доволно силни за да издржат дополнителен притисок од Западот.
Путин смета дека никој сериозно не сакал да се договори со него
„Путин верува дека никој, дури ни Американците, сериозно не се ангажирал со специфичните услови на Русија за мир, па затоа ќе продолжи сè додека не го добие она што го сака“, рече еден извор под услов да остане анонимен.
Трамп вчера изрази фрустрација од одбивањето на Путин да прифати прекин на огнот и најави нови испораки на оружје за Украина, вклучувајќи системи „Патриот“, и дополнителни санкции ако не се постигне мировен договор во рок од 50 дена.
Кремљ: Нема основа за мир, само нејасни контакти
Иако Трамп и Путин разговарале по телефон неколку пати, а американскиот претставник Стив Виткоф, исто така, ја посетил Москва во неколку наврати на средби со Путин, рускиот претседател, според изворите, верува дека немало сериозен обид да се дефинира основа за мир.
„Важно е Путин да го зачува својот однос со Трамп и имаше добри разговори со Виткоф, но интересите на Русија се над сè“, додаде еден од изворите.
Барањата на Путин: Повлекување на НАТО, Украина мора да остане неутрална
Според извори блиски до Кремљ, Путин бара правно обврзувачка гаранција дека НАТО нема да се прошири кон исток, неутрален статус за Украина и ограничувања на нејзините вооружени сили, како и заштита за нејзиното рускојазично население. Тој, исто така, бара признавање на територијалните придобивки на Русија.
Путин, наводно, е подготвен да разговара и за безбедносни гаранции за Украина што би ги вклучиле големите сили, но не е јасно како тоа би изгледало во пракса. Канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.
„Путин не се плаши од царини, Русија го надминува НАТО во муниција“
Друг извор рече дека Путин верува дека целите на Москва се поважни од какви било економски последици и не е загрижен за заканите на САД за царини против Кина и Индија за купување руска нафта.
Два извори рекоа дека Русија има предност на бојното поле и дека нејзината воена индустрија го надминува производството на клучна муниција на НАТО, како што се артилериски гранати.
Европа
Украинскиот премиер поднесе оставка

Украинскиот премиер Денис Шмихал објави дека поднел оставка од функцијата што ја извршуваше повеќе од четири години. Одлуката доаѓа еден ден откако претседателот Володимир Зеленски го предложи Шмихал за нов министер за одбрана, како дел од најавената реконструкција на кабинетот.
Во објава на Телеграм, Шмихал им се заблагодари на украинските ветерани, претседателот и членовите на владата:
„Благодарност до нашите бранители кои го држат фронтот и ја штитат Украина! Благодарност до претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата! Благодарност до целиот тим за нивната неуморна работа за нашата земја! Слава на Украина!“, напиша тој покрај фотографија од неговата рачно напишана оставка.
Зеленски вчера објави дека ќе ја номинира Јулија Свириденко, поранешната прва вицепремиерка, за нов шеф на владата. Тој рече дека смета на парламентарна поддршка за најавеното реструктуирање на извршната власт.
Зеленски веќе некое време најавува промени во кабинетот, кои се толкуваат како обид за освежување на политичкото раководство на земјата, бидејќи војната со Русија влегува во својата четврта година, а предизвиците во економијата и одбраната остануваат исклучително големи.