Свет
Британското разузнавање: Русите, најверојатно, го отстранија клучниот командант
Британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина наведува дека руските власти, најверојатно, го разрешиле генерал-полковникот Михаил Теплински, клучниот командант на оперативните сили во Украина.
Теплински водеше релативно успешно руско повлекување од западниот брег на Днепар во ноември 2022 година, а многумина во Русија го пофалија како способен командант.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 24 January 2023
Find out more about the UK government's response: https://t.co/IWggDzuVSj
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/H5vdlajbd0
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) January 24, 2023
Останува сомнително дали Теплински ја задржал својата дополнителна функција како шеф на ВДВ, руските воздухопловни сили, според Министерството.
Можно е да е разрешен поради улогата што ВДВ ја играше на бојното поле. Имено, ВДВ честопати биле испраќани на линијата на фронтот и ја преземаа функцијата што традиционално ја имаше механизираната пешадија.
Отстранувањето на Теплински е веројатно уште еден показател за поделби меѓу водачите на операцијата на Русија во Украина бидејќи новоименуваниот началник на Генералштабот на руската армија, Валери Герасимов, се обидува да го потврди својот авторитет, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

