Свет
Британското разузнавање: Русите трпат големи загуби, а се расправаат за потстрижување и за бричење
Британското Министерство за одбрана, користејќи информации од своите разузнавачи и луѓе од терен, пишува дека генералот Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот на Русија, кој директно ја презеде командата со трупите во Украина, вовел промени во руската армија.
Британците пишуваат дека војниците почнале да внимаваат да се носи само пропишаната униформа, да се избегнува патување со цивилни возила и користење мобилни телефони.
Исто така, пишуваат Британците, важно е да се внимава каква фризура имаат војниците.
Но, сè не се одвива без проблеми, сметаат Британците. Мерките, како што пишуваат медиумите во регионот, беа дочекани со скептични повратни информации. Противниците на ваквите промени, велат Британците, главно се потсмеваат со обидите да се стандардизира бричењето на војниците.
Некои функционери од Донецк, се наведува понатаму, велат дека тоа е фарса што го кочи процесот на уништување на непријателот. Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, исто така го критикува военото раководство велејќи дека „војната е време на активните и храбрите, а не на гладните“.
Во меѓувреме, според написите, руските сили сè уште се блокирани во Украина, не напредуваат, а во исто време претрпуваат големи загуби. Затоа, инсистирањето на Герасимов на овие неклучни работи, веројатно, ќе ги потврди стравувањата на неговите многубројни скептици во Русија, сметаат Британците.
Заедно со министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, тој сè повеќе се смета за недопирлив и фокусиран на презентацијата наместо на содржината, додаваат на крајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

