Европа
Британското разузнавање: Русите одбиваат да се борат поради слабиот морал
Руските војници одбиваат да се борат, а армијата страда од низок морал, објави денеска британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на своите разузнавачи.
Британците тврдат дека одбивањето да се борат „веројатно го одразува недостигот на обука, мотивација и високи стресни ситуации, со кои се соочуваат руските сили по должината на целиот украински фронт“. Двајца војници во последните денови беа осудени на најмалку две години затвор затоа што одбиле да ги почитуваат наредбите да се вратат во Украина.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 30 August 2023
Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/TnBxxQHNLh
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/M54lpROcFo
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) August 30, 2023
Тие се меѓу речиси 100-те војници што секоја недела се затвораат затоа што одбиваат да се борат. Британското Министерство за одбрана тврди дека Русија ги ублажува загубите со „испраќање маси слабо обучени војници на линијата на фронтот“.
„Од делумната мобилизација во септември 2022 година Русија го адаптира својот пристап кон војување користејќи ја самата маса за офанзивни и одбранбени операции“, според британското разузнавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Пукање кај израелската амбасада во Стокхолм, неколкумина уапсени
Шведската полиција приведе неколку лица и опколи област во Стокхолм откако патрола слушнала наводен истрел, соопшти полицијата во петокот, а израелската амбасада е во опкружената област.
„Полициска патрола во Страндваген во Стокхолм слушнала звуци и се посомневала дека има пукање“, објави полицијата на својата веб-страница.
Неколку лица се уапсени и поведена е истрага поради сомнение за тешко вооружено злосторство, додаваат тие.
„Во врска со истрагата, која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“, се наведува во објавата на полицијата на својата веб-страница.
„Ројтерс“ сѐ уште не може да добие коментар од полицијата или израелската амбасада.
Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада.
Европа
Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта
Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тоа беше првиот голем атентат на европски политички лидер во повеќе од 20 години и наиде на меѓународна осуда.
Политичките аналитичари и пратеници велат дека тоа ја разоткри сè пожешката и поларизирана политичка клима во Словачка и во Европа.
„Се молиме за премиерот и навиваме за Словачка“, рече Орбан. „Му посакуваме брзо закрепнување и враќање на работа. Роберт Фицо е меѓу животот и смртта“.
Орбан рече дека дури и ако Фицо закрепне, тој нема да работи со месеци во критично време пред изборите за Европскиот парламент на почетокот на следниот месец.
„Ни претстојат избори што ќе одлучуваат не само за пратениците во Европскиот парламент туку заедно со изборите во САД тие може да ги одредат текот на војната и мирот во Европа“, рече Орбан.
„Во таа ситуација навистина ќе ни требаат Роберт Фицо и Словачка, која се залага за мир“, додаде тој.
Европа
(Видео) По масовните напади на Крим, сателитските снимки откриваат уништени руски авиони и оштетени згради
Сателитските снимки до кои дојде Си-ен-ен покажуваат три уништени руски авиони и оштетени згради во воздухопловната база Белбек во Севастопол во средата. Станува збор за пресретнувачи „микојан миг-31“ и борбени авиони „сухој су-27“.
Сателитските снимки од Максар покажуваат два изгорени авиона на главната писта кај Белбек, а третиот е паркиран на заштитен насип. Сателитските снимки покажуваат и уништена зграда во близина и друга која претрпела значителна штета.
On @Maxar imagery, two MiG-31s and one Su-27 have been completely destroyed, and a MiG-29 damaged, at the Russian Air Force’s Belbek Airbase in occupied Crimea. A fuel storage near the main airbase runway was also destroyed, and debris continued to burn in the aftermath. https://t.co/ZWflMYUFVw pic.twitter.com/80N56MRP2h
— Christiaan Triebert (@trbrtc) May 16, 2024
Михаил Развозаев, гувернерот на Севастопол назначен од Русија, утринава преку „Телеграм“ изјави дека Русите „успешно одбиле масовен непријателски напад врз Севастопол“. Вторпат Белбек е цел на Украинците во последните 48 часа.
Запрашан за украинскиот напад на Белбек, Дмитро Плетенчук, портпарол на украинската војска, вчера изјави: „Во моментот не можеме да објавиме никакви детали бидејќи во овој момент нема проверени информации“.