Свет
Британците случајно испратиле тајни информации на сојузник од Русија наместо на САД
Британското Министерство за одбрана покрена истрага откако официјални лица несвесно испратиле е-пошта со доверливи информации на близок руски сојузник поради грешка при пишувањето.
Неколку мејлови наменети за Пентагон биле испратени во Мали поради случајно пропуштање на буквата „и“ во адресата на електронската пошта, пишува Гардијан. Британските власти ги испратиле пораките на адреса што завршува со доменот „.ml“ на Мали, а не со доменот „.mil“ на американската војска.
Истата грешка во САД беше откриена претходно овој месец, што предизвика милиони воени мејлови да отидат на адреса во Мали.
Британското Министерство за одбрана соопшти дека покренало истрага откако пар мејлови по грешка биле испратени до неточен домен на е-пошта.
„Уверени сме дека е-поштата не содржела информации што би можеле да ја загрозат оперативната безбедност или техничките податоци. Сите чувствителни информации се споделуваат на системи дизајнирани да го минимизираат ризикот од погрешно насочување.
Министерството за одбрана постојано ги прегледува своите процеси и во моментов спроведува работна програма за подобрување на управувањето со информациите, спречување на губење на податоци и контрола на чувствителни информации“, соопшти Министерството.
Мали беше меѓу шесте африкански земји на кои рускиот претседател Владимир Путин им вети бесплатни испораки на жито по пропаѓањето на Црноморскиот договор со Украина.
Платениците на Вагнер беа распоредени во Мали за да се борат против џихадистите заедно со армијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

