Европа
Британците тврдат дека Русите се вмешале во шкотскиот референдум, а можеби и во брегзитот

Русија се вмешала во шкотскиот референдум за независност во 2014 година, а британската влада не барала потемелна истрага за можното влијание на Кремљ врз гласањето за брегзитот, се вели во извештајот на британскиот парламентарен одбор.
„Постојат уверливи индикации од отворени извори, кои укажуваат на тоа дека Русија почнала кампања за да влијае врз шкотскиот референдум за независност во 2014 година“, се вели во извештајот на Одборот за разузнавање и безбедност на британскиот парламент, кој беше завршен во март 2019 година, но дури сега е објавен.
Во извештајот се додава дека има индикации дека Русија се обидела да влијае на кампањата за брегзитот, но дека британската влада не барала посилни докази за руско мешање. Во извештајот Русија се опишува како непријателска сила, што претставува значителна закана за Велика Британија и Западот на голем број фронтови, од шпионажа и сајбер-војни до мешање во изборни процеси и перење пари.
„Се чини дека Русија ја смета Велика Британија за една од своите највисоки западни разузнавачки цели“, се додава во извештајот.
Британската влада го отфрли повикот на парламентарната комисија да почне темелна истрага тврдејќи дека нема докази за успешно руско мешање во референдумот за брегзитот.
„Не видовме докази за успешно мешање во ЕУ-референдумот. Ретроспективна истрага за ЕУ-референдумот не е неопходна“, стои во одговорот на владата во врска со извештајот.
Во извештајот на парламентарната комисија, објавен на веб-страницата на свиркачите „Гвидо Факес“, се вели дека владата не сака подлабоко да ја испита улогата на Русија на референдумот.
Кремљ во неколку наврати рече дека никогаш не се мешал во изборните процеси на ниту една земја и ги прогласи западните обвинувања во таа смисла за антируска хистерија во Велика Британија и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Фрлени „молотови коктели“ кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со „молотов коктел“, а нема информации за жртви, јавува „Анадолија“.
Инцидентот се случил околу 8 часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат многу странски конзулати, објави BFMTV.
‼️ ⚡️Une explosion a tonné à l’intérieur du consulat russe à Marseille — BFM TV
«Il y a environ 30 pompiers et policiers travaillant sur les lieux», rapportent les médias. pic.twitter.com/NgsR7Df3Jw
— Camille Moscow 🇷🇺 🌿 ☦️ (@camille_moscow) February 24, 2025
Два „молотови коктела“ биле фрлени во дворот на конзулатот, но, за среќа, не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.
Во тек е истрага за мотивите за нападот.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.
Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.
Европа
Ватикан: Папата е во критична состојба, но имаше мирна ноќ

Папата Франциско, кој е во критична состојба и се бори со билатерална пневмонија, помина мирна ноќ во болница, спиејќи и одморајќи се, соопшти Ватикан.
88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.
Ватикан ја опиша неговата состојба како критична втор ден по ред во неделата и рече дека тој ден имал „почетни, благи знаци на откажување на бубрезите“.
Прогнозата за папата, кому во саботата му беше потребна трансфузија на две единици крв, откако доживеа „продолжена респираторна криза слична на астма“, останува неизвесна, покажуваат најновите медицински информации.
„Беше добра ноќ, папата спиеше и се одмара“, се вели во соопштението на Ватикан во една реченица објавено утрово, без дополнителни информации.
Европа
Експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј

Експлозија утрово го потресе француски Марсеј во близина на рускиот конзулат. Пожарникарите потврдија дека имало експлозија во 8-миот арондисман.
„Експлозијата се случи во близина на рускиот конзулат во Марсеј околу 8 часот наутро“, соопштија пожарникарите.
На терен се околу 30 пожарникари и бројни полицајци. Засега не е позната причината за експлозијата, ниту пак дали има повредени.