Европа
Британците што живеат во ЕУ загрижени за слободата на движење по брегзитот
Владините планови веднаш да се стави крај на слободата на движење ако не се постигне договор за брегзит алармираа многумина во и надвор од Велика Британија.
Државјаните на Велика Британија кои живеат во земјите на ЕУ, најверојатно, ќе треба да добијат дозвола за престој и да извадат возачки дозволи за земјите во кои живеат.
Во објавата од четвртокот на Министерството за внатрешни работи се вели дека Министерството за надворешни работи со земји ширум Европа за да се погрижи дека државјаните на Велика Британија кои живеат таму ќе бидат информирани за какви било промени што треба да ги направат пред брегзитот.
Сепак, копретседавачот на групната кампања на граѓани „Британци во Европа“, Џејн Голдинг, изјави за „Еуроњуз“ дека принципот на реципроцитет ги загрижува луѓето што живеат во ЕУ.
„Се работи за тоа како таа објава ќе влијае на пристапот на ЕУ 27 кон сите нас Британци кои живееме во ЕУ27“, рече таа. „Имате земји кои сè уште не одлучиле каков ќе биде конечниот статус и очигледно кога зборуваме за реципроцитет она на што ќе гледа ЕУ27 е како се третираат нивните граѓани во Велика Британија.
„Можеби земјите во ЕУ27 одлучија да почекаат и да видат што ќе направи Велика Британија и тоа само води кон сè поголема неизвесност за граѓаните“.
Европската комисија тврди дека „ги става на прво место правата на граѓаните“ во својот план за вонредни ситуации во случај на брегзит без договор. Таа ги повика земјите од ЕУ да бидат прагматични во обезбедувањето привремен престој на граѓаните на Велика Британија кои веќе живеат во блокот на денот на излегување.
Но, на европско ниво, нема гаранции. Брисел ги повика земјите членки „да ги преземат сите можни чекори за да обезбедат правна сигурност“ и да ги заштитат претходно постојните права.
Голдинг додаде дека луѓето се загрижени дека нема да имаат доказ за престој во земјите членки на ЕУ во кои живеат за време на „грејс-периодот“ со што би се регулирал нивниот правен статус.
„Имате грејс-период [по брегзит] за време на кој можете да аплицирате за вашиот долгорочен статус, но додека не го добиете, ако немате документ за патување, тогаш како ќе се разликуваат оние кои веќе биле жители и оние кои доаѓаат по излезот – тоа е клучното прашање“, рече Голдинг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Орбан му пиша на Зеленски: Четири години нè туркате во војната меѓу Украина и Русија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави „отворено писмо“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски на Икс, обвинувајќи го дека четири години се обидува да ја вовлече Унгарија во војната меѓу Украина и Русија.
„Четири години не можевте да го прифатите ставот на суверената унгарска влада и унгарскиот народ за руско-украинската војна. Четири години работевте на тоа да ја принудите Унгарија да учествува во војната меѓу вашата земја и Русија“, напиша Орбан.
Во писмото, тој тврди дека Зеленски, Брисел и унгарската опозиција „ги координираат напорите“ за да донесат „проукраинска влада“ на власт во Унгарија.
Open Letter to President Volodymyr Zelenskyy
Mr. President,
For four years, you have been unable to accept the position of the sovereign Hungarian government and the Hungarian people regarding the Russia–Ukraine war.
For four years, you have been working to force Hungary into…
— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) February 26, 2026
Обвинувања за нафтоводот Дружба
Орбан го обвини Зеленски за „блокирање на нафтоводот пријателство“, или нафтоводот Дружба, за кој тврди дека е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија.
„Вашите постапки се против интересите на Унгарија и го загрозуваат безбедното и прифатливо снабдување со енергија за унгарските семејства. Затоа, ве повикувам да ја промените вашата антиунгарска политика“, рече Орбан.
Тој додаде дека Унгарците „не се одговорни за ситуацијата во која се наоѓа Украина“, дека сочувствуваат со украинскиот народ, но дека „не сакаат да учествуваат во војната“, „не сакаат да ги финансираат воените напори“ или „да плаќаат повеќе за енергија“.
„Ве повикувам веднаш повторно да го отворите нафтоводот и да се воздржите од понатамошни напади врз енергетската безбедност на Унгарија. Повеќе почит кон Унгарија!“, заклучи Орбан во писмото со дата, Будимпешта, 26 февруари 2026 година.
Во писмото, тој не споменува дека војната ја започнала Русија, која започнала целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.
Европа
Редок напад: Украинците ги таргетираат командните центри со моќни американски ракети
Украинските сили започнаа серија напади со американски ракети со долг дострел ATACMS врз руски командни места, складишта за муниција и логистички објекти на окупираните територии, соопшти Генералштабот. Нападите, кои се случија ноќта на 24 февруари, претставуваат ретка потврдена употреба на оружјето, објавува The Kiev Independent.
„Како дел од систематските мерки за намалување на офанзивните капацитети на рускиот агресор, единиците на украинските одбранбени сили продолжуваат да ги таргетираат клучните непријателски командни и логистички објекти“, се вели во соопштението на Генералштабот.
Според извештајот, украинските ракетни сили и артилерија погодиле помошен команден пункт на руската 5-та армија во близина на Новопетривка во окупираниот регион Донецк. Војската соопшти дека ракетите ATACMS биле меѓу оружјето што се користело во операцијата.
Дополнителни напади биле насочени кон логистички магацин што му припаѓал на рускиот центар „Рубикон“ во близина на Василовка во окупираниот регион Запорожје, како и магацини за муниција и снабдување во Пријазовски во регионот Донецк и Олександривка во регионот Запорожје. Руски објект за одржување и поправка во близина на Јакимивка во Запорошката област, исто така, беше погоден. Целосниот обем на штетата сè уште се утврдува, додаде армијата.
Европа
Масовен воздушен напад: Русија лансираше 115 дронови, Украинците соборија 95
Русија започна масовен воздушен напад врз Украина во вторник ноќта, лансирајќи вкупно 115 дронови од различни видови, вклучувајќи ги Шахед, Гербера и Италмас. Украинската воздушна одбрана успешно ги неутрализираше повеќето од заканите, соборувајќи или блокирајќи 95 дронови на север, југ и исток од земјата, објавува Украинска правда.
Според податоците на украинските воздухопловни сили објавени до 7:30 часот утрово, од вкупниот број лансирани дронови, околу 60 беа камикази дронови Шахед. И покрај високата стапка на пресретнување, 18 дронови успеаја да ја пробијат одбраната и да погодат цели на 11 локации.
Широк спектар на одбранбени сили, вклучувајќи ги воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, единиците за електронско војување и беспилотни системи и мобилните противпожарни групи, учествуваа во одбивањето на нападот. Воздухопловните сили предупредија дека нападот е сè уште во тек бидејќи неколку руски дронови сè уште се наоѓаат во украинскиот воздушен простор.

