Свет
Бродот со либиските бегалци се укотви на пристаниште во Сицилија

Бродот на италијанската крајбрежна стража со 177 бегалци од Либија се укотви денеска на сицилијанското пристаниште Катанија, каде ќе се чека одлуката која земја ќе ги прифати бегалците.
Иако пловилото пристигна доцна во ноќта, италијанската влада не им дозволи бегалците да го напуштат, исчекувајќи ЕУ да се произнесе по ова прашање.
Бегалците минатата седмица беа спасени од италијанската крајбрежна стража во Средоземното Море во дел што територијално ѝ припаѓа на Малта, поради што дојде до спор меѓу двете земји. Додека Италија бараше од Малта да ги прими бегалците, Малта одби со изговор дека мигрантскиот брод не бил во неволја, туку Италија ги презела оттаму свесно, стравувајќи да не стигнат на нејзина територија. Малта тврди дека самите бегалци изразиле желба да продолжат по патот кон Италија.
Поради спорот, италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, побара решение од ЕУ, во спротивно се закани дека ќе ги врати бегалците назад во Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Фото) 1.000 луѓе заробени на Монт Еверест поради снежна бура

Неколку спасувачки екипи учествуваат во операцијата за расчистување на патиштата од снегот на источниот дел од Монт Еверест во Тибет, каде што речиси 1.000 луѓе беа заробени поради снежната бура. Според кинеските медиуми, снежната бура ги блокирала патеките.
Во акцијата учествуваат и мештани, а висината на која се наоѓаат заробените луѓе на Монт Еверест е поголема од 4.900 метри.
Неколку планинари беа успешно спуштени на безбедно место.
🚨 BREAKING: Blizzard traps nearly 1,000 people on Mount Everest’s east slope
A sudden whiteout hit the Everest east slope camp in Tibet, 4,900 meters up.
Tents crushed. Paths buried. Temperatures plummeting.Rescuers say hundreds are trapped across several camps, some showing… pic.twitter.com/nTmPS04qnK
— JJBOOM (@JordyHalo80) October 5, 2025
Еден од планинарите кој успеал да избега непосредно пред почетокот на бурата, изјавил дека „снегот паѓал без престан и достигнал повеќе од еден метар“.
Снегот почнал да паѓа во петокот навечер и продолжил вчера цел ден.
Продажбата на билети и влезот во туристичката зона на Монт Еверест биле прекинати од страна на локалната туристичка агенција, која информираше за затворањето на туристичките патеки заради ризикот од понатамошно влошување на временските услови.
Свет
Во Еквадор е воведена вонредна состојба, немирите ескалираа на улиците

Еквадорскиот претседател, Даниел Нобоа, прогласи вонредна состојба во десет од 24 провинции во земјата поради внатрешни немири предизвикани од протестите на заедницата на староседелци поради зголемувањето на цените на дизелот, јавуваат денеска медиумите.
Како што се наведува во декретот на Нобоа, овие протести станале насилни, па вонредната состојба била воведена со цел да се избегне нивната понатамошна радикализација, пренесува агенцијата Ефе.
Тој додаде дека за време на насилните демонстрации, припадниците на полицијата и војската биле нападнати, а некои од нив биле киднапирани и физички малтретирани.
Нобоа забрани јавно собирање во десет провинции, додавајќи дека мирни протести ќе бидат дозволени доколку не ги загрозуваат правата и слободите на другите граѓани.
Меѓу причините за воведување на овие мерки, кои ќе важат 60 дена, тој ги наведува и неодамнешните изјави на претседателот на Националната конфедерација на староседелечки народи (CONAIE), Марлон Варгас, кој предупреди дека протестите може да ескалираат и да доведат до заземање на главниот град Кито, ако нивните барања не бидат уважени.
Свет
Хрватот кој беше уапсен поради летање дрон близу аеродромот во Франкфурт се соочува со казна до 50.000 евра

Германската полиција презеде мерки против 41-годишен хрватски државјанин поради управување со дрон во зона забранета за летови во близина на аеродромот во Франкфурт.
Портпаролот на полицијата во Франкфурт изјави за ДПА дека нема докази дека уапсениот маж е поврзан со Русија.
Човекот им рекол на полицајците дека „само сакал да го испроба својот нов дрон“.
Хрватскиот државјанин се гони за прекршок и се соочува со парична казна. Во Германија, летовите со беспилотни летала над чувствителни области како што се аеродроми, затвори или воени бази се строго забранети. Казните за нелегални летови се до 50.000 евра.
Уште посериозно, ако се утврди дека летот претставувал опасна интервенција во воздушниот сообраќај, сторителот се соочува со затворска казна од шест месеци до десет години.