Свет
Бродска несреќа во Индонезија, над 30 загинати меѓу кои и две деца
Најмалку 31 лице загинаа, меѓу кои и две деца, кога кај брегот на индонезискиот остров Сулавези потона траект, а претставниците на спасувачката служба навеле дека 130 патници ја преживеале несреќата. Шефот на агенцијата за потрага и спасување рекол дека на траектот биле 164 патници, вклучително и екипажот.
Според информациите, сè уште се трага по уште тројца кои исчезнале. Се претпоставува дека тие останале на траектот и дека не преживеале.
На 48,5 метри долгиот траект се наоѓале и десетина возила, меѓу кои и камиони и автобус. Траектот потонал на 200 метри од брегот, а меѓу жртвите се две деца на возраст од 2 и 3 години.
Несреќата се случила откако минатиот месец потона преполн траект со патници на индонезиското езеро Тоба, едно од најдлабоките вулкански езера во светот, при што загинаа околу 200 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина почнува нов круг разговори со САД за завршување на војната
Украинските мировни преговарачи почнуваат нов круг разговори со американскиот тим за предлозите за завршување на војната со Русија, изјави шефот на украинската делегација, Рустем Умеров.
Тој наведе дека во разговорите ќе бидат вклучени и европските партнери на Киев и дека веќе се одржани прелиминарни консултации.
„Конструктивно сме насочени. Се подготвуваме за понатамошни разговори со американската страна“, рече Умеров, додавајќи дека безбедноста на Украина мора да биде долгорочно и сигурно гарантирана.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп настојува да стави крај на речиси четиригодишната војна. Претходно неделава, претставници на Белата куќа разговараа со украински и европски функционери во Берлин.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Свет
Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени во напад со нож и димна бомба во Тајпеј
Најмалку три лица загинаа, а девет се повредени кога маж вооружен со нож и димна бомба денеска нападна граѓани во Тајпеј, соопштија градските власти.
Осомничениот подоцна загинал по пад од зграда на трговски центар, пренесе Асошиејтед прес (АП).
Полицијата соопшти дека осомничениот бил прогласен за мртов во болница откако скокнал од шестиот кат на зградата, објави Централната новинска агенција на Тајван.
Осомничениот, идентификуван како 27-годишниот Чанг Вен, фрлил димна бомба во близина на подземен излез од метро-станицата Тајпеј Мејн, во близина на главната железничка станица, што предизвикало паника и бегство на пешаците, објавија локалните медиуми.
Потоа се упатил кон север, во популарна шопинг-зона, каде со нож нападнал повеќе лица на првиот и четвртиот кат од стоковната куќа „Еслит“, при што најчесто им нанесувал убодни рани во пределот на вратот, наведува агенцијата, повикувајќи се на полицијата.
Локалните болници потврдија три смртни случаи, додека градските власти соопштија дека уште девет лица се хоспитализирани, од кои едно е во тешка состојба.
Чанг во ноември 2024 година не се одѕвал на обуката на резервниот состав на војската и бил баран поради кршење на законот за задолжителна воена служба, пренесе агенцијата.
Како што се наведува, тој не пријавил промена на местото на живеење, поради што повикот за резервна воена обука не му бил доставен, објави агенцијата, повикувајќи се на канцеларијата на окружното обвинителство.
pexels

