Свет
Брод потона во Судан, се удавија 22 деца
Најмалку 22 деца се удавија во Судан, кога потона брод што преку Нил ги превезувал на училиште. Во несреќата почина и една жена.
„Ал Џезрира“ јави дека бродот, на кој имало повеќе од 40 деца, потонал на околу 750 километри од главниот град Картум.
До несреќата дошло бидејќи се расипал моторот како последица на интензивните дождови и силниот ветер. Силите на цивилната одбрана го пребаруваат Нил во обид да ги пронајдат телата на исчезнатите. Саудиските власти наредија затворање на сите училишта во Картум поради невремето кое уништи стотици домови. Минатата седмица 40 лица загинаа поради дождовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

