Контакт

Вести

Бројот на жртвите од земјотресот на Филипини се зголеми на шест

Објавено пред

Бројот на загинатите во моќниот земјотрес кој во петокот ноќта по локално време го погоди филипинскиот остров Минданао се зголеми на шест, објави во саботата телевизијата CNN Philippines.

dobivaj vesti na viber

Претходно филипинските власти потврдија четворица заинати и 90 повредени, според весникот Channel NewsAsia.

„Имаме шест загинати и 125 повредени до овој момент“, изјавил неименуван полициски извор за CNN Philippines. Според телевизијата, покрај прекинот на снабдување со електрична енергија, поради потресот затворен е и аеродромот во градот Суригао, кој се користи за внатрешни линии, и тоа најверојатно до 10-ти март.

Земјотресот беше регистриран во 22.03 часот по локално време, или околу 15,23 часот по македонско време во петокот во градот Суригао, на јужниот остров Минданао, над 700 километри југоисточно од филипинската престолнина Манила, а непознат е бројот на лица за кои се верува дека останале затрупани под урнатините.

Епицентарот на потресот бил на два километра југозападно од градот Таласај, на длабочина од 27 километри, според американскиот геолошки институт USGS. Филипинскиот сеизмолошки центар регистрирал магнитуда од 6,7 степени, но Пацифичкиот центар за предупредување од цунами соопшти дека нема опасност од цунами.

Последниот смртоносен земјотрес кој ги погоди Филипини беше со магнитуда од 7,1 степени по Рихтеровата скала кој ги погоди централните острови на архипелагот кога животите ги загубија над 220 луѓе, а беа уништени најстарите цркви и древни светилишта. Во јули 1990 година, земјотресот со магнитуда 7,8 го погоди северниот дел од Филипини при што загинаа повеќе од 1.600 луѓе.

Двата најголеми светски архипелага Индонезија и Филипини, се дел од таканаречниот Пацифички огнен прстен, плоча која е формирана на дното од Индискиот и западниот дел од Тихиот Океан, која на ова место навлегува под Азиската плоча.

Како резултат на движењето на овие две плочи на териториите на овие две земји се чести земјотресите и вулканските ерупции. Со тоа овој регион е една од сеизмички најактивните зони на планетата.

Во овој дел од светот се наоѓаат најактивните тектонски плочи, од кое едната се движи со брзина од седум сантиметри годишно. Годишно сеизмолозите регистрираат меѓу шест и седум илјади потреси со магнитуда над 4,0./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

(Видео) Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Од понеделник (9 јуни), Владата воспоставува директна телефонска линија – 070 355 526 за повредените во трагедијата во Кочани и...

Македонија2 часа

ИЈЗ издаде препораки за заштита од високите температури

Институт за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита и претпазливост за време на високи амбиентни температури. „Кога...

Свет3 часа

(Видео) „Харков моментално го доживува најсилниот напад од почетокот на војната“ – најмалку тројца загинати, 22 повредени

Русија го нападна источниот украински град Харков со беспилотни летала, ракети и бомби, при што загинаа најмалку три лица, а...

Економија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ трипати поскапо и профитирале

Во време на ковид пандемија и енергетска криза Заев и Филипче се богателе врз грбот на граѓаните кои плаќаа драстично...

Свет3 часа

ЕУ се согласи да го зголеми времето на доцнење на летовите пред патниците да добијат надомест

ЕУ земјите се согласија да го зголемат времето на доцнење на авионските летови што е потребно за патниците да имаат...

Македонија16 часа

Невреме во Скопје: паднати дрвја, поплавени улици, заглавени возила кај „Мавровка“

Поплавени улици, паднати дрвја и пречки во сообраќајот во Скопје по денешното силно невреме проследено со пороен дожд, град и...

Свет17 часа

(Видео) Снимки од рускиот напад врз Киев: Уништени згради и други објекти, илјадници цивили поминале часови во засолништа

Русија рано утрово започна масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Киев и други делови од Украина. Се чини дека...

Топ21 час

Уапсен малолетникот кој избоде маж пред џамија во Студеничани

МВР го расчисти вчерашниот обид за убиство што се случи пред џамија во скопско Студеничани и го уапси осомничениот 16-годишник....

Македонија1 ден

Огромен објект никнува во Охридската чаршија, секој прави што сака, алармира Охрид СОС

Чаршијата во Охрид го губи својот лик. Иако е дел од Старото градско јадро, за кое важи посебен закон, односно...

Македонија1 ден

СДСМ нема да му се извини на Љутков: „Сѐ што објавивме е вистина“

Од СДСМ велат дека нема да му се извинат на министерот за култура, Зоран Љутков, затоа што, како што велат...

Македонија1 ден

Николоски: Позицијата на Македонија станува афирмирана во Европа

Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски...

Свет1 ден

Трамп назначи 22-годишен градинар за шеф на канцеларијата за спречување на тероризам

Американскиот претседател, Доналд Трамп, назначи 22-годишник за раководител на главниот центар за спречување на тероризам на Министерството за внатрешна безбедност....

Свет1 ден

Русија го нападна Киев со ракети и дронови, погодени воз и станбени згради

Русија изврши интензивен ракетен и беспилотен напад врз украинскиот главен град Киев, во текот на ноќта, при што загинаа четири лица,...

Свет1 ден

Незапаметена кавга меѓу двајца најмоќни луѓе во светот: Трамп и Маск „војуваа“ на социјалните мрежи

Само десет минути по почетокот на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц, американскиот претседател Доналд Трамп беше прашан за сè...

Македонија1 ден

Гужва на граничните премини Богородица и Дојран

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Култура1 ден

Започнува 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на...

Македонија2 дена

Арсовска до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. „Мухамед...

Македонија2 дена

Мисајловски на состанок на НАТО во Брисел: Единството на Алијансата е на највисоко ниво

Mинистерот Владо Мисајловски заедно со министрите за одбрана на сојузничките земји денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествуваше на...

Македонија2 дена

За патувањето во Јапонија се потрошени 3.485.080 денари за билети, сместување и дневници, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Во интерес на јавноста најостро реагираме на целосно шпекулативните информации и невистинити тврдења дека министерот за култура Зоран Љутков потрошил...

Македонија2 дена

12 повредени од пожарот во Кочани се на лекување во болница, еден е во тешка состојба, рече Клековски

Сашо Клековски од ФЗО на денешната панел-дискусија, „Кочани е нашиот приоритет“, се осврна на ситуацијата во моментот во однос на...