Свет
Бројот на заболени во светот надминува 2,6 милиони, расте бројот на закрепнати лица
Бројот на заболени од Ковид-19 ширум светот се зголеми на 2.638.477, а повеќе од 700.000 луѓе закрепнале од оваа инфекција – 721.997, според најновите податоци на „Ворлдметерс“.
Досега во светот од новиот коронавирус починале 184.284 лица, а 56.676 лица од вкупниот број заразени или три проценти се во критична состојба.
Најлоша е состојбата во Соединетите Држави, каде што се заразени 849.092, а 47.681 починаа, додека Шпанија е на второ место со 208.389 лица.
Италија, која е на третото место со 187.327, сè уште е на второ место во светот со 25.085.
Во Европа критична е ситуацијата во Франција, Германија, Велика Британија и Турција, додека меѓу земјите во регионот, најтешка е ситуацијата во Романија, каде што 9.710 луѓе се разболеле.
Во Кина, каде што за првпат се појави новиот коронавирус, бројот на новозаразени лица опаѓа и оваа земја со 82.798 заболени и 4.632 починати е прва од азиските земји.
Од земјите од Блискиот Исток, Иран е најпогоден од инфекцијата, каде што бројот на заболени е над 85.000, а бројот на починати надминува 5.300.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Турција, почувствуван и во Грција
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 21:38 часот, во западна Турција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 39,444 и географска должина 26,284.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 1о километри под површината на земјата.
Земјотресот се почувстувал и на 13 километри северно од Митимна, Грција.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
Свет
Трамп ја суспендира странската помош на 90 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за привремено суспендирање на сите американски програми за надворешна помош на 90 дена во очекување на ревизија за да се утврди дали тие се во согласност со неговите политички цели.
Наредбата, меѓу многуте потпишани од Трамп на неговиот прв ден од враќањето на функцијата, наведува дека „странската помошна индустрија и бирократијата не се усогласени со американските интереси и во многу случаи се спротивни на американските вредности“ и „служат за дестабилизирање на светскиот мир преку промовирање идеи во странство“.
Според тоа, Трамп изјави дека „никаква дополнителна странска помош на Соединетите држави нема да биде исплатена на начин што не е целосно конзистентен со надворешната политика на претседателот на САД“.
Државниот секретар Марко Рубио им рече на членовите на Комитетот за надворешни односи на Сенатот за време на неговото сослушување за потврдување минатата недела дека „секој долар што го трошиме, секоја програма што ја финансираме и секоја политика што ја водиме мора да се оправда со одговарање на три едноставни прашања:
„Дали ја прави Америка побезбедна? Дали ја прави Америка посилна? Дали ја прави Америка попросперитетна“.
Наредбата потпишана од Трамп му остава на Рубио да донесе такви одлуки, во консултација со Канцеларијата за управување и буџет. Стејт департментот и Агенцијата на САД за меѓународен развој се главните агенции кои ја надгледуваат странската помош.
Свет
Силен земјотрес го погоди Тајван
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 19:48 часот во Тајван.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 21.459 и географска должина 121.0699.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 23 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.