Свет
Бројот на заболени од коронавирус во светот ја надмина бројката од 3,5 милиони
Бројот на заболени од коронавирус во светот ја надмина бројката од 3,5 милиони луѓе, но експертите стравуваат дека бројот е многу поголем, бидејќи смртните случаи надвор од болниците генерално не се регистрираат и не влегуваат во официјални информации. Европа и Северна Америка забележаа забавување на заразата, но, сепак, тие имаат најголем број нови инфицирани.
Во последните 24 часа се пријавени 74.779 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 и вкупниот број заразени се искачи на 3,52 милиони. Според Светската здравствена организација (СЗО), ова може да се спореди со сезонскиот грип, од кој годишно заболуваат меѓу три и пет милиони луѓе, но е со големина на последиците од шпанскиот грип од 1918 година, кога заболеле околу 500 милиони луѓе.
„Но, за разлика од грипот, Ковид-19 има 10 пати поголема стапка на смртност кај сите возрасти“, рече Питер Колињон, специјалист за заразни болести во болницата во Канбера.
Од новиот вирус ширум светот досега починале 246.920 луѓе. Во текот на изминатата недела, стапката на раст на болеста на дневна основа беше помеѓу два и три проценти, додека во врвот на пандемијата беше 13 проценти.
Колињон верува дека би можело лесно да имаме втор и трет бран на инфекција и дека светот е далеку од „имунитет на стадо“ што се добива ако барем 60 проценти од населението закрепне од оваа болест. На глобално ниво, сè уште има помеѓу 75.000 и 90.000 нови инфицирани секој ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран е преместен на безбедно место
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не е во Техеран и е преместен на безбедна локација, изјави денеска официјален претставник.
Медиумите објавија дека и иранскиот претседател Масуд Пезизкијан е исто така безбеден.
Веста дојде откако Израел соопшти дека започнал превентивен напад врз Иран, а во Техеран беа пријавени експлозии.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Израел ја нарече својата воена операција против Иран „Рикот на лавот“, а одлуката за името ја донесе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Техеран се подготвува за одмазда откако Израел денеска започна напад врз Иран, а одговорот ќе биде „разорен“, изјави ирански официјален претставник.
Свет
Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“.
Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран.
Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.
Тој нагласи дека заканувачките активности на Иран директно ги загрозуваат САД, нивните трупи, бази во странство и сојузниците низ целиот свет.
„Иранскиот режим скандира „Смрт за Америка“ веќе 47 години и води немилосрдна кампања на крвопролевање и масовни убиства, насочени кон САД, нашите трупи и невини луѓе во многу земји“, рече Трамп.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка операција на САД и Израел.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информации од иранската опозиција.
Свет
САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран
САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција.
Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да го загрози Израел.
Досега не е пријавен ракетен истрел врз Израел, но населението е повикано да остане во близина на засолништата, иако сè уште не е потребно да се влезе во нив.

