Контакт

Вести

Бројот на загинатите во терористичкиот напад во Ал-Баб до 60

Објавено пред

Бројките на загинати во експлозија во предградие на градот ал-Баб се зголеми на десетици други се повредени, јавува весникот Daily Sabah.

dobivaj vesti na viber

 

Според весникот, 42 ранети лица се испратени во болницата во покраината Килис од другата страна на границата на територијата на Турција. Агенцијата Reuters соопшти за 41 загинат, од кои 35 биле цивили.

„Помалку од 24 часа по поразот од Исламска држава, самоубиец ги целеше двете седиште на бунтовниците на локалитетот Сусиан, североисточно од Ал-Баб“, која се наоѓа на северна Сирија, изјави за AFP Рахман Абделрахман, директор на Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), со седиште во Лондон.

Главните штабови Слободната сириска армија (FSA), поддржувана од Турција, бунтовниците се наоѓаат еден близу друг. Сусаин се наоѓа на два километри од Ал-Баб, последниот голем град кој беше во рацете на Исламската држава во покраината Алепо.

Претходно во петокот Генералштабот на турската армија соопшти дека сите населби на Ал-Баб с исчистени од терористите во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, којашто од минатата година ја спроведува турската војска и вооружената сириска опозиција./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Депонијата во Струга е една од најопасните, ако не се преземат мерки, ќе биде црна точка по бројот на заболени од канцер, велат од „Вреди“

Според „Вреди“, дивата депонија во Струга, отворена во 2006 година како „привремено решение“, денес е претворена во една од најопасните...

Македонија3 часа

За 29.539 се зголемил бројот на избирачи што се на привремена работа или престој во странство во споредба со изборите во 2021 година, заклучен Избирачкиот список

Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список за претстојните локални избори. Право на глас имаат вкупно 1.832.415 избирачи. Има 7.551...

Македонија3 часа

По убиството на Росица, дисциплински постапки за 11 полициски службеници; МВР утврдило дека по дел од пријавите на жртвата не било постапено

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални...

Македонија6 часа

Изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сѐ...

Македонија6 часа

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Општина Аеродром информира дека до МВР и Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради,...

Македонија7 часа

Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит...

Македонија7 часа

За два дена над 200 прегледани лица во Трубарево, уште 8 упатени на Пулмологија

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на жителите на Трубарево, со цел навремено откривање...

Македонија8 часа

Пешаците и возачите на велосипеди и тротинети од денес под нови правила: нема слушалки и телефони

Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Републичкиот совет за безбедност...

Свет9 часа

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел...

Македонија9 часа

До понеделник посвежо време со повремени врнежи, локлно поројни со грмежи и ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од...

Македонија17 часа

(Видео) Нов пожар го труе Скопје: Намерно запалена депонија во Арачиново

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Од...

Македонија21 час

Мицкоски од Струмица: По 7 години кочење, започнува доизградбата на стариот театар

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Како Влада продолжуваме да ги...

Македонија22 часа

Сиљановска-Давкова во ОН: Руската агресија директно ги загрозува меѓународниот мир и безбедноста

Потресите на меѓународниот поредок отворија длабоки геополитички раседи. Еден од најактивните е во Украина, каде веќе три и пол години...

Македонија1 ден

Ресенци алармираа: Преспа годишно има по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилитет и со проблеми со тироидната жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа ѝ треба заедничка акција, која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и...

Македонија1 ден

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни...

Македонија1 ден

Се запали цистерна што превезувала нафта: излетала од патот Гевгелија – Богданци

Претпладнево, цистерна, која превезувала нафта, излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување...

Македонија1 ден

Параглајдинг-несреќа на Галичица: државјанин на Германија доживеа тежок пад од поголема височина

Планинската спасителна служба „Охрид“ извести дека вчера, околу 18.30 часот, добила повик од група параглајдеристи, кои летале од падините на...

Македонија1 ден

„Ниту една повеќе!“ повикува на блокада од 18 часот пред Паркот на жената борец: Да изградиме поинаков свет – свет без насилство врз жените

Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денеска од 18...

Македонија1 ден

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува...

Европа1 ден

Украина: Соборивме моќен руски „су-34“

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу...