Свет
Бројот на загинати во Газа надмина 8.000, соопшти палестинското Министерство за здравство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/gaza-3.jpg)
Бројот на загинати во израелските напади врз Газа од 7 октомври се искачи на повеќе од 8.000, соопшти палестинското Министерство за здравство во Рамала повикувајќи се на извори под контрола на Хамас.
Речиси три четвртини (73 проценти) од убиените се од ранливи популации, вклучително и деца, жени и постари лица, се вели во извештајот на Министерството, а повеќе од 20.000 луѓе се повредени.
Пријавениот биланс на загинати вклучува 116 медицински лица. Дванаесет болници и 32 примарни здравствени центри се без работа поради воздушни напади или недостиг на гориво. Претходно, Министерството соопшти дека на 24 болници во северниот дел на Газа, со вкупен капацитет од 2.000 кревети, им е наредено да се евакуираат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Бројот на загинати во рускиот напад се искачи на 31 лице
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-08-160716.jpg)
Бројот на загинати во денешните руски напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти.
Последните извештаи говорат дека 17 лица се убиени во главниот град Киев, од кои две во детска болница, а уште 11 на неколку места во регионот Дњепропетровск.
Руското Министерство за одбрана денеска ги отфрли наводите на Киев за намерен напад на руските сили врз цивилни цели нагласувајќи дека групниот напад врз воени цели во Украина е одговор на обидот на Киев да ги оштети руските енергетски и економски капацитети.
Европа
Полска ги подигна борбените авиони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/voeni-avioni-polska.jpg)
Полска ги подигна борбените авиони за да го заштити својот воздушен простор откако Русија го изврши најсмртоносниот напад оваа година врз Украина.
Авионите беа лансирани откако руските авиони „повторно почнаа да испалуваат проектили кон Украина“, соопшти полското воено воздухопловство на мрежата Икс.
Европа
Италија ја обвини Русија дека извршила воено злосторство со нападот на детска болница
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-08-160716.jpg)
Италија ја обвини Русија дека извршила воено злосторство за време на ракетните напади што го погодија главниот град на Украина и оштетија детска болница.
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на меѓународна осуда на Русија.
„Изненаден сум од сликите од бомбардирањето во Киев, кога беше погодена и детска болница. Тоа се воени злосторства кои мора да бидат осудени од целата меѓународна заедница“, напиша Тајани на X, додавајќи дека италијанската влада „ќе продолжи да го брани суверенитетот на Украина и нејзиниот народ“.
Бројот на загинати се искачи на 31
Бројот на загинати во денешните руски напади се искачи на 31, а повеќе од 150 лица се повредени, соопштија украинските власти.
Последните извештаи велат дека 17 лица загинале во главниот град Киев, од кои две во детската болница, а уште 11 на неколку места во регионот Дњепропетровск.