Свет
Бројот на загинати во несреќата во Етиопија се искачи на 71
Бројот на загинати во сообраќајна несреќа во Етиопија, кога камион полн со гости на свадба падна во река, се искачи на 71, соопштија регионалните власти за Ројтерс.
Претходно беше соопштено дека во несреќата во областа Бона загинале најмалку 66 лица. Портпаролот на регионалната влада на Сидама Восенјеле Симион изјави дека петтeмина повредени патници се во критична состојба во Општата болница Бона.
Државната етиопска радиодифузна корпорација (EBC) објави дека патниците биле на пат на свадба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Демократите жестоко реагираат на планот на Трамп: „Тој е целосно изгубен“
Демократите реагираат со гнев на сугестијата на Трамп дека САД би можеле да ја преземат контролата врз Газа.
Сенаторот од Конектикат Крис Марфи напиша на Икс: „Тој е целосно изгубен“. „Имам вести за вас – нема да ја преземеме Газа“, рече тој во следната објава.
„Но, медиумите и озборувачите ќе се фокусираат на тоа неколку дена и Трамп ќе може да ги одвлече сите од вистинската приказна, а тоа е дека милијардерите ја преземаат владата за да им ја земат од обичните луѓе“.
Калифорнискиот конгресмен Ерик Свалвел објави: „Чекај што? САД ќе ја окупираат Газа? „Ни беше ветено дека нема повеќе бескрајни војни. Според моите пресметки, ги окупиравме Гренланд, Канада, Панамскиот канал и сега… Газа?“
Свет
Шефот на дипломатијата на Трамп: Да ја направиме Газа повторно убава
Соединетите Држави се „подготвени да ја водат и да ја направат Газа повторно убава“, напиша американскиот државен секретар Марко Рубио на Икс, повикувајќи се на слоганот „Направи ја Америка повторно голема“ што е клучен слоган на претседателските кампањи на Доналд Трамп од 2016 година.
Gaza MUST BE FREE from Hamas. As @POTUS shared today, the United States stands ready to lead and Make Gaza Beautiful Again. Our pursuit is one of lasting peace in the region for all people.
— Secretary Marco Rubio (@SecRubio) February 5, 2025
„Газа мора да биде ослободена од Хамас… Како што [Трамп] рече денеска, Соединетите Држави се подготвени да водат. Нашата аспирација е траен мир во регионот за сите луѓе“, напиша Рубио.
Неговата објава доаѓа откако Трамп тврдеше дека 2,1 милиони луѓе кои живеат во Газа треба да се преселат во други арапски земји, дозволувајќи им на САД да го преземат Појасот Газа.
Свет
Пристигна првата реакција на Хамас откако Трамп кажа дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа
Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“ и „апсурдни“.
„Изјавите на Трамп за неговата желба да ја контролира Газа се смешни и апсурдни и какви било идеи од ваков вид може да го запалат регионот“, рече Абу Зухри, пренесе Ројтерс.
Коментарите на Трамп доаѓаат во критично време, кога преговорите за втората фаза од процесот за прекин на огнот во Газа се во раните фази.