Свет
Бурна реторика на Блинкен и руското МНР – Што научиле Русите и Американците од историјата?

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „историјата одржала лекција дека кога Русите влегуваат во нечија куќа, тешко излегуваат од неа“. Со тие зборови Блинкен го коментираше влезот на мировниците на ОДКБ во Казахстан, кој го сочинуваат претставници на вооружените сили на Русија, Белорусија, Ерменија, Киргистан и Таџикистан.
Според официјална Москва, со оваа изјава Блинкен на многу подмолен начин го коментирал „апсолутно легитимниот одговор на ОДКБ на повикот на раководството на Казахстан со цел да се даде поддршка во обезбедувањето на безбедноста на државата“.
„Ако Ентони Блинкен толку многу ја сака историјата, тогаш имајте го на ум следново – кога Американците влегуваат во вашата куќа, ретко кој останува жив без да биде ограбен и силуван“, се вели во соопштението.
Одделот за надворешна политика на Русија посочува дека 300 години американска државност го поддржува ова тврдење.
„Тоа може да го потврдат сите Индијанци од северноамериканскиот континент, Корејците, Виетнамците, Ирачаните, Панамците, Југословените, Либијците, Сиријците и сите други кои немале среќа да ги имаат овие непоканети гости во својата куќа“, заклучува руското Министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.