Свет
Важен состанок на лидерите на Ерменија, Азербејџан и на Русија

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан пристигна во Сочи, соопшти прес-службата на ерменската влада.
Во Сочи тој ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин, и со лидерот на Азербејџан, Илхалма Алиев.
Со ерменскиот премиер дојдоа и вицепремиерот Мгер Григорјан, министерот за надворешни работи, Арарт Мирзојан, и секретарот на Советот за безбедност, Армен Григорјан.
Пашинјан и Алиев планираат да разговараат за спроведувањето на трилатералните договори на лидерите на Русија, Азербејџан и на Ерменија од 9 ноември 2020 година, 11 јануари и 26 ноември 2021 година, како и понатамошни чекори за зајакнување на стабилноста и безбедноста во Закавказ.
Претходната средба во сличен формат се одржа во ноември 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп објави видео со вештачка интелигенција „Трамп Газа“

Доналд Трамп објави видео генерирана од вештачка интелигенција на неговиот профил на социјалните мрежи Truth Social.
Видеото со вештачка интелигенција што го објави без коментар го визуелизира пејзажот на моментално разорената од војна Газа во модерен и трансформиран град на морето, полн со хотели, луѓе и облакодери.
Ова следи по неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците од Газа во соседните арапски земји за да се изврши масовна реконструкција на уништената земја.
Мотивот на постојана забава и пари се провлекува низ видеото откако прво е прикажан уништениот град. „Газа 2025, што е следно?“ е напишано на почетокот на видеото пред генерираниот од вештачка интелигенција Илон Маск да почне да фрла по луѓето со банкноти од американски долари.
Тука е и џиновската златна статуа на Доналд Трамп, поставена на средина на вештачки создадена Газа, но и американскиот претседател кој танцува со стомачна танчерка, а Илон Маск јаде. Во еден момент и Трамп и израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху се појавија во нивните костими за капење на лежалка со пива во рака пред хотелот.
Свет
Трамп им нуди на странците златни билети од 5 милиони долари за живот и работа во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека САД ќе почнат да продаваат „златни билети“ во вредност од пет милиони долари на странци кои сакаат да се преселат во САД и да отворат работни места. „Богатите луѓе ќе дојдат во оваа земја со купување на овој билет. Тие ќе бидат богати, ќе бидат успешни, ќе потрошат многу пари, ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе“, изјави американскиот претседател за новинарите во Белата куќа.
„Тоа е некако како зелена карта“ за постојан престој во Соединетите држави, „но на повисоко ниво на софистицираност“, рече Трамп, додавајќи дека „златната карта“ ќе им овозможи на нејзините иматели пристап „кон државјанство“ на долг рок.
Руските олигарси, од кои повеќето се под санкции на САД по руската инвазија на Украина, потенцијално ќе можат да аплицираат за програмата. „Познавам некои руски олигарси кои се многу добри луѓе“, рече Трамп. „Можно е“ тие се подобни за програмата, додаде тој.
Трамп рече дека новата програма за имиграција би можела да почне да функционира за околу две недели. „Златните картички“ ќе ја заменат имиграциската програма „ЕБ-5“, која им овозможи на странските инвеститори со големи суми пари да отворат работни места во САД и да добијат постојан престој во земјата.
Американскиот секретар за трговија Хауард Лутник рече дека постоечката програма е склона кон измама и е „начин да се добие зелена карта по ниска цена“.
Свет
Хамас и Израел се договорија за размена на затвореници и тела на заложници

Хамас објави дека постигнал договор со Израел за истовремено ослободување на повеќе од 600 палестински затвореници и враќање на телата на четворица израелски заложници.
Решението е ослободување на палестинските затвореници истовремено со телата на израелските заложници убиени во првата фаза од прекинот на огнот, соопшти исламистичката милитантна група. Хамас соопшти дека неговата делегација, предводена од шефот на групата Калил Ал-Хаја, ја повторила својата посветеност на договорот за прекин на огнот „со сите фази и клаузули“.
„Тие (палестинските затвореници) ќе бидат ослободени истовремено со телата на израелските затвореници (заложници) за кои беше договорено да бидат предадени во првата фаза“, објави Хамас.
Израел во саботата го одложи ослободувањето на 620 Палестинци бидејќи Хамас ги ослободуваше израелските заложници на „понижувачки начин“. Изјавата на Хамас сугерира дека е избегната криза што можеше да го наруши кревкиот договор за прекин на огнот. Официјален Израел се уште не се огласил.
Сепак, неколку израелски медиуми, повикувајќи се на израелски официјални лица, го потврдија договорот меѓу двете завојувани страни што го објави Хамас.
Тајмс оф Израел објави, цитирајќи официјален претставник, дека ослободувањето ќе биде извршено преку Египет во среда. Израелските власти во вторникот изјавија дека Израел размислува за продолжување на првата фаза од примирјето во Газа, бидејќи се обидува да ги врати дома преостанатите 63 заложници, додека засега го одложува договорот за иднината на енклавата.
Првата фаза од договорот за прекин на огнот, започната со поддршка на САД и помош на египетските и катарските посредници на 19 јануари, треба да заврши во сабота и не е јасно што ќе се случи понатаму.