Свет
Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови
Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на вакцините на „Фајзер“ за деца на возраст од пет до 11 години.
Одборот, со еден воздржан, гласаше за придобивките од вакцинацијата во превенцијата на Ковид-19 во таа возрасна група и смета дека се надминати сите потенцијални ризици, вклучително и несаканите срцеви нарушувања, кои се многу ретки кај адолесцентите и младите што имаат добиено повисоки дози, јавуваат агенциите.
Сепак, ФДА не е обврзана со препораките на ова тело и се очекува да донесе независна одлука во рок од неколку дена.
Ако ФДА одобри дози приспособени за децата, претстои уште еден чекор: следната недела Центрите за контрола и превенција на болестите ќе треба да одлучат дали да препорачаат вакцинација и за која возраст.
Иако децата се изложени на помал ризик од тешки форми на Ковид-19 од постарите, децата на возраст од пет до 11 години сè уште се соочуваат со сериозна клиничка слика, бидејќи беше откриено дека од 8.300 регистрирани хоспитализации, околу една третина од пациентите биле на интензивна нега, додека починале речиси стотина болни деца.
Препорачаната доза за деца е една третина од целосната доза на вакцината на „Фајзер“ препорачана за оние над 12 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се урна дел од кулата Торe деи Конти во центарот на Рим – еден работник заробен под урнатините, четворица спасени
Дел од кулата Торе деи Конти во центарот на Рим, која во моментот се реконструира, се урна денеска, објавија италијанските медиуми. Објектот се наоѓа во близина на римскиот Форум. Според првичните информации, еден работник е повреден, а четворица, кои биле блокирани во горниот дел од кулата, се спасени.
Околу 13 часот се случило второ уривање додека спасувачките екипи и полицијата веќе биле на терен поради првиот инцидент, кој се случил околу 11.20 часот, пренесува „Кориере дела сера“.
Paura in centro a #Roma, vicino ai Fori imperiali. Intorno alle 11.20 è crollata parte della Torre dei Conti in largo Corrado Ricci, attualmente in ristrutturazione. Secondo le prime informazioni ci sarebbero delle persone bloccate sotto le macerie.#Tg1 pic.twitter.com/Xj43qlQUqH
— Tg1 (@Tg1Rai) November 3, 2025
Работникот кој сè уште е заробен под урнатините е државјанин на Романија. Специјалната единица на пожарникарите (SAF) се обидува да му пристапи преку мал прозорец од левата страна на кулата. Тој се наоѓа на првиот кат, свесен, е одговара на повици и соработува со спасувачите.
Во моментот кога пожарникарите се обидувале да го извлечат заробениот работник се случило ново уривање на внатрешниот дел од структурата. Кулата сега е нестабилна и постои ризик од целосно уривање. Целото подрачје е евакуирано и обезбедено, а облак од прашина ги покрил спасувачите и случајните минувачи, но без потешки последици.
Еден од спасените работници, стар 64 години, е итно пренесен во болница.
Свет
(Видео) Се урна средновековна кула во близина на Колосеумот во Рим, еден работник заробен под урнатините
Во срцето на Рим, во близина на Колосеумот, дел од средновековната кула Торе деи Конти, која моментно се реставрира, се урна утрово. Во драматична спасувачка операција четворица работници беа спасени, а еден е сè уште заробен под урнатините и се трага по него, објавува „Евроњуз“.
Кулата, која е изградена во 1238 година од папата Инокентиј III, беше во процес на реставрација финансирана од Националниот план за закрепнување и отпорност на Италија.
Una porzione della storica Torre dei Conti, situata in Largo Corrado Ricci nei pressi dei Fori Imperiali a Roma, è crollata questa mattina durante i lavori di ristrutturazione.
Fortunatamente non risultano persone coinvolte sotto le macerie, mentre l’area è stata messa in… pic.twitter.com/98ox69K4IS
— La Sicilia (@lasiciliait) November 3, 2025
Противпожарната бригада во Рим бргу реагира и испрати три оперативни екипи, два камиона со скали и специјализирани единици на местото на настанот, објавува „Ројтерс“. Тројца работници што беа заробени на врвот од кулата беа успешно евакуирани со помош на камион за скали, а четвртиот беше извлечен од самата структура.
Спасувачките операции продолжуваат бидејќи се сомнева дека едно лице е заробено под урнатините.
Градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери, исто така пристигна на местото на несреќата набргу потоа. За да им се олесни работата на службите за итни случаи, локалната полиција ја затвори Виа деи фори империјали, една од најпознатите сообраќајници во историскиот центар, за целиот сообраќај.
Кулата беше запоставена со години пред почетокот на реновирањето. Властите сè уште не објавија официјални информации за обемот на штетата или точната причина за уривањето. Инцидентот се случил на една од најпопуларните туристички локации во италијанската престолнина, веднаш до археолошкото наоѓалиште Форум.
Фото:принтскрин
Свет
Поранешниот украински генерал Андриј Наумов, избеган неколку часа пред почетокот на војната, во Виена снима видеа за Русија
Андриј Наумов, поранешен генерал на украинската Служба за безбедност (СБУ), осомничен дека ѝ доставувал чувствителни информации на Москва, кој избега од Украина само неколку часа пред почетокот на руската инвазија, сега е во Виена и снима спотови за руски државен медиум, објави „Киев пост“.
Наумов се поврзува со долгорочното планирање на инвазијата во координација со руските безбедносни служби. Пред да пристигне во Австрија, престојувал во Србија. Австрија засега не презема конкретни чекори.
Рускиот медиум НТВ му посвети 40-минутна емисија со интервјуа снимени на повеќе локации во Виена.
Наумов некогаш важеше за близок соработник на Иван Баканов, пријател од детството и поранешен директор на СБУ. Сега е обвинет за перење пари и за измама, а украинските власти побараа негова екстрадиција.
Дополнително, се тврди дека одиграл клучна улога во предавањето на нуклеарната електрана во Чернобил на руските сили додека бил директор на државната компанија задолжена за управување со зоната на исклучување. Според украинското Државно истражно биро, Наумов собирал информации за безбедносните системи во Чернобил и ги пренесувал на Русија.
Наумов ја напуштил Украина во конвој возила носејќи големи суми готовина и скапоцености. Во јуни 2022 година бил уапсен во Србија, на границата со Северна Македонија, заедно со германски државјанин со украинско потекло. Во возилото биле пронајдени 600.000 евра, долари и скапоцени камења. Осуден е на една година затвор за перење пари, а пуштен е во јануари 2024.
Украина побара негова екстрадиција, но и Русија покажала интерес.
Австриските власти засега не коментираат. Министерството за правда потврди дека е примено барање за екстрадиција, но судското рочиште сè уште не е закажано. Безбедносните служби одбија да дадат дополнителни информации.

