Свет
Вакцината против коронавирусот, најверојатно, ќе се прима во две дози
За да се добие целосен имунитет, луѓето, веројатно, ќе треба да се вакцинираат против новиот коронавирус двапати, пишува „САД тудеј“. Интервалот помеѓу двете дози веројатно ќе биде околу еден месец, а можно е дека ќе биде потребна дополнителна доза неколку години подоцна.
Научниците во светот работат на создавање вакцина против вирусот САРС-КоВ-2, причинителот на Ковид-19, и сега веќе имаат индикации за тоа како може да изгледа вакцинацијата.
Две дози, веројатно, се доста затоа што САРС-КоВ-2 е нов вирус и никој нема антитела. Првата доза треба да го подготви имунолошкиот систем и да му помогне да го препознае вирусот, а втората ќе го зајакне имунолошкиот одговор.
Повеќе од сто кандидати за вакцина се во разни фази на тестирање во целиот свет и речиси сите се очекува да бидат на режим со две дози, рече Бери Блум, имунолог и професор по јавно здравје на „Харвард“.
„Колку што знам, сите истакнати фармацевти разгледуваат две дози. Единствен исклучок е ‘Мерк’, кој се надева дека ќе ја развие вакцината во една доза“, рече Блум.
Точната доза ќе биде јасна кога ќе се дознаат резултатите од клиничките испитувања на потенцијални вакцини кај луѓето, рече Кели Мур, директор на Коалицијата за акција за имунизација (ИАЦ), невладина организација, која во соработка со американскиот Центар за контрола на болести и превенција дистрибуира информации за вакцините и болестите што ги спречуваат.
„Одговорот ќе го имаме кога ќе ги испитаме на луѓето. Тогаш ќе го знаеме имунолошкиот одговор. Тестирањето на животните укажува на тоа дека ќе бидат потребни две дози“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран е преместен на безбедно место
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не е во Техеран и е преместен на безбедна локација, изјави денеска официјален претставник.
Медиумите објавија дека и иранскиот претседател Масуд Пезизкијан е исто така безбеден.
Веста дојде откако Израел соопшти дека започнал превентивен напад врз Иран, а во Техеран беа пријавени експлозии.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Израел ја нарече својата воена операција против Иран „Рикот на лавот“, а одлуката за името ја донесе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Техеран се подготвува за одмазда откако Израел денеска започна напад врз Иран, а одговорот ќе биде „разорен“, изјави ирански официјален претставник.
Свет
Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“.
Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран.
Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.
Тој нагласи дека заканувачките активности на Иран директно ги загрозуваат САД, нивните трупи, бази во странство и сојузниците низ целиот свет.
„Иранскиот режим скандира „Смрт за Америка“ веќе 47 години и води немилосрдна кампања на крвопролевање и масовни убиства, насочени кон САД, нашите трупи и невини луѓе во многу земји“, рече Трамп.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка операција на САД и Израел.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информации од иранската опозиција.
Свет
САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран
САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција.
Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да го загрози Израел.
Досега не е пријавен ракетен истрел врз Израел, но населението е повикано да остане во близина на засолништата, иако сè уште не е потребно да се влезе во нив.

