Свет
Вакцината создаде девет нови милијардери во светот

Добивката од вакцинацијата против Ковид-19 им помогна на најмалку девет лица да станат милијардери, неодамна објави Алијансата за народни вакцини, повикувајќи на укинување на монополската контролата на фармацевтските корпорации над технологијата за вакцини, пренесува АФП.
„Меѓу нив, девет нови милијардери имаат заедничко нето-богатство од 19,3 милијарди долари (15,8 милијарди евра), што е доволно 1,3 пати да ги вакцинираат сите луѓе во земјите со ниски примања“, се вели во соопштението на групата.
Алијансата, мрежа на организации и активисти кои се залагаат за укинување на имотните права и патентите за инокулации, соопштија дека нејзините податоци се засноваат на информации од Форбсовата листа на богати.
„Овие милијардери се човечки облик на огромниот профит што многу фармацевтски корпорации го остваруваат од монополот што го имаат над овие вакцини“, рече Ана Мериот од добротворната организација „Оксфам“, која е дел од групата.
Освен новите мегабогаташи, осум постојни милијардери гледаа како нивното заедничко богатство се зголемува за 32,2 милијарди долари благодарение на воведувањето вакцини, соопшти Алијансата.
На врвот на списокот на нови милијардери се извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел и неговиот колега од „Бионтекс“, Угур Шахин.
Уште тројца се коосновачи на кинеската компанија за вакцини „Кансино биолоџикс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето:
„Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова, можете ли да поверувате? И овојпат ќе опстане.“
По него, документот го потпишаа египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ова е неверојатен ден за светот,“ изјави Трамп, додавајќи дека договорот е толку важен што ќе ja спречи Третата светска војна, која, според него, можела да избие на Блискиот Исток.
Свет
„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп може да го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела, објави новинарот на „Фајненшл тајмс“, Кристофер Милер, повикувајќи се на три извори.
Според Милер, средбата би можела да се одржи во петок, на 17 октомври, но други детали засега не се познати.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа во септември за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а во последните денови имале два телефонски разговора, меѓу другото и за можната испорака на американски крстосувачки ракети „Томахок“ на Украина.
Паралелно, украинската делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко започнува недела на преговори со американските претставници во Вашингтон.
Свет
Скандал во Индија: Талибански министер не ги повикал новинарките на прес-конференција

Талибанскиот министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Кан Мутаки, предизвика бурни реакции во Индија откако на својата прва прес-конференција во Делхи не ги повикал жените новинарки.
Настанот, на кој присуствувале околу 16 новинари, но ниту една жена, предизвика остри реакции од индиските медиумски организации и опозициски политичари. Тие го оценија инцидентот како „отворена родова дискриминација“.
Под притисок на јавноста, Мутаки следниот ден одржа нова, „инклузивна“ прес-конференција, каде изјави дека исклучувањето на жените било „техничка грешка“.
„Настанот беше организиран во краток рок и поканите беа испратени на ограничен список новинари, без никаква друга намера“, рече тој.
Мутаки моментално престојува во Индија на разговори со претставници од Русија и индиската влада, со цел јакнење на дипломатските врски.
Иако се обиде да ги оправда ограничувањата на жените во Авганистан, индиските новинари остро го прашаа зошто девојчињата таму веќе четири години немаат пристап до образование.